Фото: Игор Бансколиев

Во време кога новиот сој на вирусот, омикрон, го загрижува светот, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, неодамна порача дека се согласува во Европската Унија да се одржи „дискусија“ за задолжителна вакцинација. Во меѓувреме, здравствените власти во Македонија сметаат дека сѐ уште е рано за една ваква мерка и оти е потребна комуникација со граѓаните

Додека во европските земји, па дури и на нивото на Европската Унија, се воведува обврска или барем се отвораат дебати за задолжително вакцинирање против ковид-19, властите во Македонија некако колебливо му пристапуваат на проблемот, па дури и кога станува збор за најавената, па повлечена мерка за помасовна имунизација на вработените во државниот и во јавниот сектор.
Имено, македонската влада се откажа од првичната најава за задолжително вакцинирање или поседување негативен ПЦР-тест за вработените во државниот и во јавниот сектор, бидејќи, како што изјави министерот за здравство Венко Филипче, нема начин како да казнат работник што не сака да се вакцинира против ковид-19 и затоа, засега, ќе се обидат, со финансиско стимулирање на матичните лекари да ја интензивираат вакцинацијата.
– Некои земји размислуваат и за таа мерка, но мислам дека сѐ уште е рано. Додека тоа се осмисли, треба да се види и провери како овие мерки ќе имаат резултат. Ќе видиме каков ќе биде интересот и опфатот за вакцинација во следниот период со оваа мерка за матичните лекари. Спремни сме да носиме и други препораки. Мислам дека, генерално во Европа, ова е нешто што ќе се менува. Некои земји размислуваат вакцинацијата да биде задолжителна, но очигледно сѐ уште е рано и потребна е комуникација со граѓаните. Гледано низ призмата на здравствениот систем, најпрактичен механизам ни се матичните лекари – смета Филипче.
Ваквиот пристап наиде на различни реакции во јавноста, но и меѓу здравствените работници.
– Да го прашам Филипче, какво мислење ќе имаат пациентите за своите матични лекари, за нивните препораки!? И ова е катастрофална грешка на Филипче, кој очигледно не си го познава ниту здравствениот систем, ниту својот народ! И на крај да прашам: што со граѓанинот што работи во приватниот сектор? Дали за него ќе одлучува Владата или работодавецот ќе се постави над Владата, особено за прележаните, кои ги изедначуваат со невакцинираните! Кој греши: Владата, Филипче или Комисијата за заразни болести? – се огласи, меѓу другите, докторката Жаклина Шопова од Клиниката за инфективни болести. Инаку, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, неодамна, на прес-конференција посветена на текот на пандемијата и на појавата на новата варијанта, омикрон, меѓу другото, рече дека се согласува во Европската Унија да се одржи „дискусија“ за задолжителна вакцинација.

Во време кога новиот сој на вирусот, омикрон, го загрижува светот, Фон дер Лејен во однос на задолжителната вакцинација оцени дека е „соодветно и разумно да се разговара сега“, наведувајќи дека тоа е нејзин „личен став“.
– Тоа би барало заеднички пристап, но мислам дека тоа е разговор што треба да се одржи – рече таа.
Според неа, ќе бидат потребни околу 100 дена за научната заедница да го приспособи одговорот на вакцината на новиот сој на вирусот.
Во меѓувреме, парламентот на соседната Грција донесе одлука, според која, лицата на возраст од над 60 години ќе мора да се вакцинираат до определен рок или во спротивно ќе платат парична казна. И од Гeрманија доаѓаат вести дека потенцијалните учесници во тамошната идна влада, меѓу другото, преговараат за задолжителна вакцинација против коронавирусот. Од Австрија веќе најавија дека наскоро ќе воведат задолжително вакцинирање, а дебатите, во услови на дури и подлабоко поделените мислења отколку во Македонија, се одвиваат и во сите други европски земји. Д.М.М.


ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИНСТИТУТОТ ЗА ДЕМОКРАТИЈА „СОЦИЕТАС ЦИВИЛИС“

Теориите на заговор сѐ уште  поминуваат кај дел од граѓаните?

По објавата на истражувањето на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС) дека речиси две третини од граѓаните во Македонија веруваат оти коронавирусот е создаден за да ги контролира луѓето, упатените објаснуваат дека тоа „не е изненадувачки“ со оглед на големиот број лажни вести што циркулираат низ овдешните медиуми, како и на сѐ поголемата недоверба во институциите.
Имено, во информацијата што ексклузивно ја објави „Евроњуз“, повикувајќи се на истражувањето на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС), речиси 65 отсто од испитаниците рекле дека ја поддржуваат неоснованата теорија дека ковид-19 е вештачки создаден во лабораторија за да се контролираат луѓето, а 44 отсто се согласни дека бројките на заболените од ковид-19 се зголемувани и се плаќало за да се пријавуваат луѓето дека починале од овој вирус.
„Евроњуз“ потенцира и дека само 37,9 отсто од возрасните во Македонија се целосно вакцинирани против вирусот. Стапката е многу пониска од просекот на Европската Унија, кој изнесува 68 проценти. Медиумот потсетува и дека минатиот месец стотици луѓе маршираа низ Скопје за да протестираат против новите рестриктивни мерки и препораките дека сертификатите за вакцинација се задолжителни за јавните службеници, како и на тоа дека продажбата на лажни сертификати за вакцини против ковид-19, исто така, цвета низ Источна Европа.
Професорката и експертка за човекови права Мирјана Најчевска смета дека најголема вина за тоа што граѓаните сѐ повеќе веруваат во теориите на заговор има кај политичарите.
– Прстот е вперен кон политичарите. Погрешното разбирање на демократијата и злоупотребата на демократските институции доведоа до ваква ситуација. Тие ја извадија паролата „народот е во право и кога греши“ – изјави Најчевска во една телевизиска емисија.
Инаку, Миша Поповиќ, раководител на центарот во Институтот за демократија „Социетас цивилис“, на презентирање на наодите потенцира дека, според одговорите од анкетата, кај граѓаните постои висока дистрибуција на прифатливост на теории на заговор. Дури 46 отсто од испитаниците сметаат дека од авион се прскаат вируси и различни токсични содржини, 72 отсто од граѓаните сметаат дека светот го контролираат неколку моќни семејства, односно дека на некои тајни самити во Европа е одлучено за тоа како ќе тече историја, кој ќе дојде на власт и слично.

АНАЛИЗА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО
Сите вакцини имаат над 91 процент ефикасност во спречувањето смрт

МинисМинистерството за здравство ја објави првата голема анализа за процена на ефективноста на вакцините против ковид-19 во спречувањето хоспитализација и смрт кај македонската популација.
– Овие резултати ги потврдуваат наодите кај другите популации, потврдувајќи дека вакцините против ковид-19 се високоефективни и кај македонската популација во спречување тешка болест и смрт. Вакцините од различните производители немаа големи разлики во нивната ефективност во спречувањето смрт од ковид-19, но имаа разлики во спречувањето хоспитализација од ковид-19. Анализата укажува дека една доза вакцина против ковид-19 е недоволна за спречување тешки исходи од болеста и ја истакнува важноста да се примат најмалку две дози вакцина – се вели во заклучокот од анализата.
терството за здравство ја објави првата голема анализа за процена на ефективноста на вакцините против ковид-19 во спречувањето хоспитализација и смрт кај македонската популација.
– Овие резултати ги потврдуваат наодите кај другите популации, потврдувајќи дека вакцините против ковид-19 се високоефективни и кај македонската популација во спречување тешка болест и смрт. Вакцините од различните производители немаа големи разлики во нивната ефективност во спречувањето смрт од ковид-19, но имаа разлики во спречувањето хоспитализација од ковид-19. Анализата укажува дека една доза вакцина против ковид-19 е недоволна за спречување тешки исходи од болеста и ја истакнува важноста да се примат најмалку две дози вакцина – се вели во заклучокот од анализата.