Решението за името треба да биде прифатливо за двете земји, а важно е Македонија да продолжи со реформите на кои е фокусирана, истакна австриската амбасадорка Ренате Коблер на денешната конференција „Западниот Балкан и евроатлантските вредности-Студија на случај Македонија“.
Таа додаде дека врз основа на сė она што Македонија го постигна, Австрија за време на своето претседавање со Европската унија ќе ги убедува европските партнери и членките на Советот на ЕУ, земјата побрзо да добие датум за почеток на преговори со ЕУ.
Коблер истакна дека главни цели на австриското претседавање ќе биде спроведување на европската политика за безбедност, борбата против илегалната имиграција, проширувањето на ЕУ, ефикасното одданочување, а ќе работи и на внатрешната безбедност, системот за азил.