Од март оваа година, до оваа моја посета денеска, имало дури пет посети на македонски и на чешки највисоки претставници на двете земји во Македонија и во Чешка. Тоа доволно силно зборува за одличните политички односи, пријателски врски меѓу нашите две земји – рече премиерот Зоран Заев, на заедничката прес конференција со премиерот на Чешка, Андреј Бабиш, во рамките на официјалната посета на македонска владина делегација на оваа земја.
Заев кажа дека Чешка е еден од најважните и постојани поддржувачи на нашата интеграција во ЕУ и НАТО.
Чешка, заедно со Австрија и Италија, беше земја лидер и иницијатор зад кои застанаа 15 земји членки на ЕУ и со писмо до Европската Комисија упатија повик за подобрување на ефикасноста на процесот на пристапување.
– Тоа е само неколку од големите пријателски гестови на Чешка кон Северна Македонија. Ние сме охрабрени со континуираните заложби да се задржи прашањето за проширување видливо и високо на агендата на ЕУ по октомврискиот совет на ЕУ. Искрено се надеваме дека овој притисок ќе даде резултати, и дека многу бргу во претстојниот период ќе пристигне одлуката за почеток на преговорите за пристапување на нашата земја во ЕУ – рече премиерот.
Заев во Прага рече дека сега е време двете земји да се посветат на економската соработка, особено во делот на зајакнување на трговската размена, и во интензивирањето на инвестициска соработка.
– Мешовитиот комитет за економска соработка ги утврди главните области што можат да ја подобрат меѓусебната трговска размена и економската соработка. Сега треба ние, политичките лидери на двете земји да ги ја поттикнеме соработката во енергетскиот сектор, во делот на обновливите извори на енергија, во автомобилската индустрија, во туризмот. Многу ме радува што деновиве ги привршуваме договорите со компанијата „LOKOTRANS“ за инвестиција во областа на железничката инфраструктура со вкупна вредност од 20 милиони евра. Компанијата има намера да инвестира во Регионален центар за логистика и дистрибуција, со седиште во Скопје, во главниот град на нашата земја, а операциите да ги изведува за целиот регион на Западен Балкан – рече премиерот Заев.
Премиерот Бабиш нагласи дека Чешка ќе ја продолжи поддршката на европските аспирации на Македонија. Тој нагласил дека неговата земја продолжува да инсистира ова прашање да заврши со позитивен исход до март идната година