Премиерот Зоран Заев престојува во еднодневна работна посета на Република Чешка. Тој ќе учествува на „Самитот на премиерите на државите од Вишеградската група и премиерите на државите партнери од Западен Балкан“.
Вишеградската група ја сочинуваат Унгарија, Полска, Чешка и Словачка. Тема на состанокот ќе биде јакнење на севкупната политичка и економска соработка меѓу двата региона, а посебен фокус ќе биде ставен на прашањата од областа на инфраструктурата, образованието, финансиската стабилност и климатските промени.
На состанокот нема да учествува премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, поради, како што е соопштено, обврски коишто ги имал на Косово.