Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на вечерашниот дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на МТВ истакна дека се што е поврзано со случајот „Рекет“ треба детално да се истражи.
– Денеска дел од актерите одговараат. Осудени се на казна затвор и специјален јавен обивинител, прв во тоа обвинителство, газда на телевизија кој учествувал внатре, бизнисмен, осудени се, но цело тоа што е организирано на тие редовни состаноци за финансирање на партии и кампањи, треба да се доистражи, според мене. За тоа носат одлука истражните органи, обвинителство и судство, но дефинитивно денеска видовме дека постојат сериозни индиции каде тоа завршило Луј Витон куферчето, кој тоа го осмислил, кој имал редовни средби, на кој му простувале долгови, каде тоа парите влегувале, сето тоа многу кажува – рече Заев.
Мицкоски рече дека допрва ќе следат вистини каде ќе се откријат многу работи, но појасни дека и тој е за да се истражи случајот до крај.
– Неколку пати кажувате дека сте го пријалвие случајот, но не покажувате документ каде сте го пријавиле случајот. Никој досега не видол кому Заев го пријавел ова освен што ги викнал во кабинет обвинителите. Јас сум за до крај да се истражува случајот. Освен криминал, корупција и рекет, друго ништо немате направено за државата – рече Мицкоски.
Покрај случајот „Рекет“ се разви и жестока дебата во однос на македонскиот јазик и договорите со Бугарија и Грција.
– За првпат македонскиот јазик е напишан како македонски јазик, Македонци, македонски народ. На небото ли да ви напишат македонски? Вие се радувате некој да не кочи. Никој нема да не кочи, пријатели изградивме. Борисов дојде овде во Скопје и зборуваше за македонски народ. Пред него молчите кротко, господине премиер само повторувате. Вие викате што е дадено е, професорката Гордана Силјановска Давкова вели ќе го поништува Договорот. Кажете конкретно – ќе ги поништите договорите со Грција и Бугарија или не? – рече Заев на дуелот со Мицкоски.
– Јас држам константа, тоа што сум го кажал за Македонецот Гоце Делчев нема да се помести ниту милиметар. Оваа држава има свои јунаци врз основа на кои постои. Ние не можеме да кажеме дека тие јунаци не се Македонци. Ние нема да преговараме дека Гоце Делчев бил нешто друго, освен Македонец. Никој не спори дека ние треба да разговараме и да имаме добар однос со нашите соседи, во делот на културата, образованието, економијата, енергетиката – одговори Мицкоски зборувајќи на темата за договорите со Грција и Бугарија.