Ако Мицкоски прифати една изборна единица, јас нема да бидам кандидат на пратеничка листа. Немам амбиции, немам дилеми, растоварен сум, рече премиерот Заев одговарајќи на пратеничко прашање на Никола Мицевски дали Заев ќе прифати шпиц-кандидат.
Идејата за т.н. шпиц-кандидат ја промовираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, според кого најважно е да се пресликаат европските стандарди во Македонија, а тоа ќе се случи така што согласно европските пракси ќе се воведе кандидат за иден мандатар и токму тој ќе биде носител на кампањата која што политичките партии ќе ја спроведуваат.
– Ако сака Мицкоски, ќе играме шпиц-шпиц, крило-крило. Ќе седнеме на маса, ќе се договориме, еве веднаш сум подготвен да разговрам. Јас барам мандат за премиер, а шпиц-кандидат не е нешто ново, го имаа европската левица и десница – рече Заев.
Пратеникот Мицевски го прозва премиерот Заев и дека последните анкети со рејтинзите биле нарачани од власта.
– МЦМС е независна организација финансирана од странство, со странски пари и тука немаме можност да го оспоруваме нејзиниот рејтинг. Во минатото резултатите од нивните анкети и нам не ни се допаѓале, но таа е реалноста. Разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ на овие избори ќе биде меѓу 60.000 и 120.000 гласа. Знаете зошто? Зошто граѓаните се ежат на помислата пе 11 години апсолутно владеење, повторно да се вратите на власт. Имаме среќа што државата е транспарентна, па граѓаните може да увидат и да сфатат. Се знае, господине Мицевски, ние постапуваме по системот но море сецретс. Затоа и се свесни што ги чека кога ќе се вратите, меѓуетнички тензии и кавги со соседите – заклучи Заев.