Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска издадоа заедничко соопштение по повод референдумот во Македонија.
Тие повторуваат дека Договорот со Атина создаде историска шанса за Македонија да и се приклучи на трансатлантската заедница како еднаков член.
– Ова би го променил животот на луѓето во земјата и на нивните деца на подобро, велат Туск и Столтенберг.
Тие додаваат дека на вчерашниот консултативен референдум огромно мнозинство на оние кои гласаа го поддржаа токму тој пат.
– Сега е во рацете на политичарите во Скопје да одлучат за патот понатаму. Одлуките кои ќе ги донесат во наредните денови и недели ќе ја одредат судбината на нивната земја и нивниот народ за многу генерации.
– Ги охрабруваме да ја зграпчат оваа историска прилика, велат ЕУ и НАТО.