Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, по завршување на денешниот состанок на министрите на ЕУ кои не донесоа одлука за почеток на преговори со Македонија, се огласи со статус на својот профил на Фејсбук.
Министерот го цитираше Жан-Пол Сартр.
– Само тој што не весла има време да го ниша чамецот – напиша Димитров.
Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската Унија не донесоа одлука за определување датум за почеток на преговори за Македонија и Албанија, изјави попладнево во Луксембург министерката за надворешни работи на Финска, Тити Тупураинен, по состанокот на Советот на министри за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ.
Таа додаде дека прашањето ќе биде дискутирано од страна на лидерите на ЕУ на Самитот што ќе се одржи кон крајот на неделава.