Новото истражување ги потврдува веќе постојните студии што ги изведоа научници од Велика Британија. Дебелината предизвикува низа болести, како што се дијабетес и висок крвен притисок, а со ослабен имунолошки систем, коронавирусот може да биде фатален. Истражувачите истакнуваат дека здравата исхрана мора да стане приоритет и дека е клучно да се намали прекумерното внесување шеќер и преработена индустриска храна
Алармантни вести од истражувачка студија за прекумерната тежина и коронавирусот
Научниците откриле дека дебелината двојно го зголемува ризикот од сериозни компликации предизвикани од болеста ковид-19. Тие додаваат дека истражувањето покажало дека стапката на смртност од вирус кај дебелите луѓе е речиси 50 проценти поголема. Истражувачите во студијата навеле дека дебелината предизвикува низа болести, како што се дијабетес и висок крвен притисок. Со ослабен имунолошки систем, коронавирусот може да биде фатален.
Научниците исто така наведуваат дека дебелите луѓе се во опасност бидејќи кај нив нема да дејствува вакцината против новиот коронавирус, односно дека ќе биде помалку ефикасна. Ваквото тврдење тие го засновале на фактот што вакцините имаат послаб ефект врз луѓето чиј БМИ (индекс на телесна маса) е над 30.
Тимот при Универзитетот во Северна Каролина внимателно ги разгледувал податоците направени од 75 студии низ целиот свет, во кои биле вклучени повеќе од 400.000 пациенти.
Притоа откриле дека дебелите луѓе имаат двојно поголема веројатност да завршат во болница доколку се заразат со коронавирус и дека има 74 отсто поголема веројатност да завршат на интензивна нега како резултат на инфекцијата. Новото истражување ги поддржува веќе постојните студии спроведени од научници од Велика Британија.
Професорот Бери Хопкин, кој го водеше истражувањето, рече дека ризикот од добивање коронавирус кај дебелите луѓе е „поголем од очекуваниот“.
Тој изјави дека здравата исхрана мора да стане приоритет, истакнувајќи дека е клучно да се намали прекумерното внесување шеќер и преработена индустриска храна.
Професорот објаснува како дебелината доведува до низа болести, но и го ослабнува човечкиот имунолошки одговор на вирусот, а наедно им прави голем и значителен притисок на органите. Тој е особено загрижен за можната неефикасност на вакцината кај дебелите лица.
– Истражувачите треба да обрнат големо внимание на тоа како вакцината (нема) да дејствува кај дебелите луѓето – рече тој.
Во статија на Би-би-си се истакнува дека процените укажуваат дека повеќе од 20 отсто од светската популација е дебела, а во Велика Британија и во САД тие бројки се крајно вознемирувачки, достигнувајќи повеќе од 60 отсто.
Разбирањето на нивниот имунолошки одговор на коронавирусот и на вакцината е од исклучително значење.