Првиот вицепремиер Артан Груби одговори потврдно на прашањето на ТВ 21 – дали министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе побара од Шпанија да го признае Косово.
– Апсолутно да, прашањето за Косово е на приоритетната листа на Османи. Исто така е приоритет на нашата партија како учесник во Владата – кажал Груби во изјава за ТВ 21.
Груби вчера се сретна со лидерите на косовските политички партии и со в.д. претседателот на Косово, Вјоса Османи. Тема на средбата бил пописот на населението во Македонија, по што Груби побарал помош од лидерите на Косово да ја повикаат албанската дијаспора во Македонија да се попише.
Османи, пак, вчера беше во работна посета на Шпанија.