Претставници на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денес во Собранието ќе се сретнат со пратеници од Алијанса – Алтернатива, ДУИ и Левица, за да разговараат за усвојувањето со широк консензус на резолуцијата за македонските државни позиции во однос на евроинтеграциите и преговорите со Бугарија.
ВМРО-ДПМНЕ на средбите ќе го претставуваат координаторот на групата Никола Мицевски и Антонио Милошоски, а соговорници ќе им бидат Халил Снопче, Арбр Адеми и Димитар Апасиев.