Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за утре во Тетово го свика на итен состанок Генералниот совет на партијата.
На состанокот ќе се расправа за последните политички случувања, по најавата на опозициските партии за формирање на мнозинство.
Ахмети синоќа рече дека е во контакт со партиите и со стратешките партнери – САД, НАТО и ЕУ.
– Состојбата создадена со оставката на премиерот ја менаџираме преку интензивен контакт со сите партии, освен оние кои го негираат Охридскиот договор, Преспа, добрососедството, НАТО, Република Косово и Албанците. Нема да постапуваме ниту со емоција, ниту со еуфорија – истакна Ахмети.
Првиот човек на ДУИ по информацијата за ново мнозинство додаде дека има многу телефонски повици, пораки и поддршка од сите страни, а во неможност е да одговори на сите.