Фото: Маја Јаневска-Илиева

Како ние гледаме на нашето, македонското знаме и на што нѐ асоцира овој симбол? Кои идеи, вредности и емоции ги придаваме кон нашето жолто сонце на црвена основа? Дефиниција за тоа што значи македонското национално знаме е слобода и независност! Оваа апстрактна идеја најмногу го претставува нашето право на слободен говор, изразување и живеење. Ние имаме право да ги споделуваме нашите мислења без да нѐ замолчат, но треба да ни е јасно дека таа слобода доаѓа заедно со нашата одговорност да им се овозможи и на другите критички да размислуваат и да се охрабруваат слободно да ја обликуваат иднината

Знамето е симбол или знак што има смисла и важност кај државата и поединецот, а со кој се идентификуваат верувањата и вредностите, како индивидуалните така и колективните, врзани за идентификација во времето и просторот. Знамето е тема што е доста застапена во меѓународното право и во военото право. Меѓународното право ја третира улогата на знамето на брод и воздухоплов и прашањето за суверенитетот во меѓународни води. Военото право се занимава со историската употреба на знамето и неговата улога во воена состојба.
Но како ние гледаме на нашето, македонското знаме и на што нѐ асоцира овој симбол? Кои идеи, вредности и емоции ги придаваме кон нашето жолто сонце на црвена основа? Дефиниција за тоа што значи македонското национално знаме е слобода и независност! Оваа апстрактна идеја најмногу го претставува нашето право на слободен говор, изразување и живеење. Ние имаме право да ги споделуваме нашите мислења без да нѐ замолчат, но треба да ни е јасно дека таа слобода доаѓа заедно со нашата одговорност да им се овозможи и на другите критички да размислуваат и да се охрабруваат слободно да ја обликуваат иднината.
Македонското државно знаме асоцира и на „компромис“, кој, за жал, ние сме обврзани да го почитуваме сѐ додека не се избориме и не го вратиме сонцето од Кутлеш низ легална процедура како државно знаме. Ние имаме обврска да го почитуваме сегашното државно знаме и да се грижиме за неговата соодветна употреба во согласност со протоколите за него или таканаречениот – „код за знаме“. Спроведувањето на протоколите за знаме се разликува по нација, при што некои земји користат протоколи за знаме како препораки и упатства, додека некои земји спроведуваат прекршување на протоколот за знаме со граѓански или кривични казни.

Краток компаративен приод на односот на повеќе држави доколку третманот кон државното знаме од страна на граѓани излегува од пропишаните позитивноправни норми

Израел предвидува тригодишна казна затвор за сквернавење на неговото знаме. Во Италија сквернавењето на националното знаме е забрането со закон и се казнува со парични казни (помеѓу 1.000 и 10.000 евра) за вербално сквернавење и со затвор повеќе од две години за други видови негово непочитување. Интересно е што во Јапонија се оди чекор понатаму, каде што според Поглавје 4, членот 92 од Кривичниот законик, сквернавењето на националното знаме и симбол на признаена странска нација за да се обесчести таа одредена нација е незаконско и резултира со парична или казнена работа. Деградирање на симболите на државниот суверенитет е предвидено и во Турција, Грција, Шпанија, Бугарија, Германија и речиси секаде е предвидена казна затвор!

Во Руската Федерација сквернавењето на националното знаме е кривично дело, кое резултира со казна затвор до една година! Интересно е што во февруари 2011 година јапонските ултрадесничари одржаа протест поради спорот околу Курилските Острови пред руската амбасада во Токио, при што влечеа руско знаме на земја. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјавил дека неговото министерство побарало од јапонската влада да поведе кривично дело за инцидентот.
Соединетите Американски Држави имаат закон т.н. Федерален код за знаме, кој содржи правила за ракување и прикажување на знамето на САД. Иако федералниот законик не содржи казни за злоупотреба на знамето, државите имаат свои кодови за знамето и може да наметнуваат казни. Јазикот на „федералниот код“ јасно покажува дека знамето е жив симбол. Интересно е што тие упатства користат одредби од воено право и бараат да се истакнува знамето во јавност само од изгрејсонце до зајдисонце. Меѓутоа, знамето може да се прикажува секогаш ако тоа е осветлено за време на темница! Знамето не треба да биде предмет на временски оштетувања, затоа не треба да се истакнува за време на дожд, снег и бури од ветер, освен ако не е знаме за сите временски услови. Треба да се прикажува често, но особено на државни празници и посебни пригоди. Знамето треба да биде истакнато на или во близина на главната зграда на јавните институции, на училиштата за време на училишните денови и на избирачките места во деновите на изборите. Треба брзо да се подигне и свечено да се спушти.

Истакнувањето на знамето на други соседни држави директно значи и загрозување на македонскиот суверенитет и интегритет

Истакнувањето на знамето на други соседни држави директно значи и загрозување на македонскиот суверенитет и интегритет, тоа според военото и меѓународното право означува окупирана територија над која не важат македонските закони. Непреземањето санкции кон овие сторители, автоматски значи и признавање на окупацијата што е извршена. Веењето на албанското државно знаме и парадирањето со бугарското знаме (за време на настанот за Мара Бунева) не се ништо друго туку понижување…

Секоја држава го штити својот суверенитет со јасни правила за истакнување и поставување на нејзиното знаме! Кај нас, иако имаме сиромашки одредби во Кривичниот и прекршочниот закон, истите тие погрешно се применуваат и нивната интерпретација зависи од дневнополитички збиднувања.
Истакнувањето на знамето на други соседни држави директно значи и загрозување на македонскиот суверенитет и интегритет, тоа според военото и меѓународното право означува окупирана територија над која не важат македонските закони. Непреземањето санкции кон тие сторители, автоматски значи и признавање на окупацијата што е извршена. Веењето на албанското државно знаме и парадирањето со бугарското знаме (за време на настанот за Мара Бунева) не се ништо друго туку понижување на нас Македонците. Јавното обвинителство досега нема сторено баш ништо за да нѐ заштити од ваквите провокации и омаловажувања.
Дополнително, сегашната македонска власт се обиде да го прикрие овој квислиншки чин и со замена на теза им забранува на Македонците да го веат првото државно знаме или попознато како сонцето од Кутлеш.

Знамето е обележје на државата, но и на поединецот. Неистакнувањето на македонското знаме или неговото минимизирање исто така е сквернавење! Појавата на неистакнувањето на македонското знаме во некои општини во Западна Македонија исто така мора да се санкционира. Па, како беше онаа народната со страв се живее, ама со срам не! Да не дозволиме меѓународната јавност да ни забележува како што министерот за надворешни работи на Руската Федерација во неговиот прес спомна при неговата посета на претседателот на македонското собрание дека многу сака да се слика со албанското знаме во неговиот кабинет.

Автор: Тони Менкиновски