Фото: Принтскрин од порталот MSN.com, дел на „Мајкрософт“

Фотовест

Посетителите на интернет, а тоа е огромно мнозинство граѓани, вчера беа неочекувано ставени во недоумица со појавата на една информација и фотографија на екраните: слика на „Солун со опис дека се наоѓа во Северна Македонија“. Она што е уште поинтересно е тоа што ваквиот опис се појави на еден веродостоен и релевантен портал – МСН, кој е дел од информатичкиот гигант „Мајкрософт“, во сопственост на еден од најбогатите луѓе во светот – Бил Гејтс.
Така, Солун и Македонија се најдоа во фокусот во рамките на прилогот „Најсиромашни земји во Европа“.
Во тие рамки е и придружниот опис каде што се наведува дека „на земјата ѝ недостасуваат природни ресурси, индустрии што генерираат висока вредност и конкурентна економија. Многу образовани и талентирани поединци емигрирале поради корупција, неефикасно управување и бирократија, а сето тоа го попречило економскиот раст“.
Меѓутоа, поаѓајќи од фактот дека и кај нашиот јужен сосед се актуелни стравотни корупциски афери (сега во Фондот за земјоделство), поради кои деновиве беа сменети и министри во Владата и низа високи функционери во државната бирократија, но и фактот што до пред извесно време токму нивната економија беше во тешка коматозна состојба, тогаш навистина се поставува прашањето дали порталот на Бил Гејтс во наративот на текстот ја искористил вештачката интелегенција, необременета со хеленска хегемонија и шовинизам, па прикажал нешто што претставува историска вистина, која долго време центрите на моќ се обидуваат да ја затскријат, ретушираат, ревидираат…