Американскиот претседател Џо Бајден се обидува да повлече потег со кој ќе покаже дека администрацијата што ја предводи има способност да ги предвиди и да ги спречи најсложените економски проблеми. Тој е согласен со идејата за постоење на нешто што засега го нарекуваат „бajденомија“, односно нова административно-бирократска единица (што е личен економски концепт на претседателот на САД, Бајден) за управување со националната економија

Претседателот на САД со амбиција за создавање нова моќна државна институција

Американскиот претседател Џо Бајден се обидува да повлече потег со кој ќе покаже дека администрацијата што ја предводи има способност да ги предвиди и да ги спречи најсложените економски проблеми. Тој е согласен со идејата за постоење на нешто што засега го нарекуваат „бajденомија“, односно нова административно-бирократска единица (што е личен економски концепт на претседателот на САД, Бајден) за управување со националната економија.
Со оглед на тоа што американските гласачи главно немаат добро мислење за економските последици од т.н. бajденомија, ќе биде интересно да се види како ќе реагира пошироката јавност на серијата нови предлози на Бајден, кои може да се опишат како нова административна систематизација и нов „сектор“ во Белата куќа.

Предлог за формирање нови тела во државната управа

Администрацијата на Бајден предлага формирање нови важни агенции, од кои некои го менуваат традиционалниот опис на работните места на државните институции. Една од тие иновации на Бајден е формирањето совет за отпорност на синџирот на снабдување, кој како нова и многу важна институција би ѝ укажувал на Белата куќа како да ги решава проблемите со синџирот на снабдување.
Основањето на вакво тело е изненадување бидејќи отвора ги прашањата:
а) Дали тоа значи дека Америка очекува продолжување на проблемите со синџирите на снабдување зачнати за време на пандемијата?
б) Дали најголемата сила во светот го третира прашањето на синџирите на снабдување како нова зона на меѓународен конфликт?
в) Колку ќе чинат организацијата и работењето на новата државна агенција, која секако не може да биде евтина?
Веќе од составот на советот за отпорност на синџирот на снабдување е евидентно дека администрацијата на Бајден сака тоa да биде многу моќно тело; можеби дури и инструмент за водење потенцијална трговска војна. Според првичните информации, со советот за отпорност на синџирите за снабдување ќе копретседаваат советникот за национална безбедност, националниот економски советник, раководителите на секторите за земјоделство, трговија, одбрана, енергетика, здравство, домашна безбедност, градежништво и урбан развој, домашен пазар на труд, транспорт, финансии (трезор), прашања за ветерани.
Мислења на исто ниво ќе дадат и државниот обвинител, шефовите на Агенцијата за заштита на животната средина и на Управата за мали бизниси, директорите на федералните разузнавачки и буџетски служби, шефовите на Канцеларијата за наука и технологија, претседателот на Советот на економски советници, како и важни американски трговски претставници и други функционери на Извршната канцеларија на претседателот и други агенции.

Предвидена нова, револуционерна систематизација во институциите на државната управа, цела низа нови програми, но и целосно нови административни единици и нови описи на работни места

Според низа аналитичари, од самиот почеток е јасно дека ова е ново огромно и стратегиски важно тело, за кое Бајден вели дека ќе им обезбеди на Американците цврсти и стабилни синџири на снабдување. Останува да се види како оваа необична идеја ќе функционира во практика; дали, на пример, ќе докаже дека новата американска политика е толку агресивна што и ЕУ ќе мора да формира свој совет/агенција со исти функции.
Бајден предлага формирање на нова федерална институција за безбедност на синџирите на снабдување во време кога притисоците врз нив се намалени и се на најниско ниво. Една од карактеристиките на „бајденомијата“ е отсуството на чувство за моментот, заедно со потребата од зајакнување на државната интервенција.
Основањето на советот за отпорност на синџирот на снабдување привлече внимание кога Бајден првпат го употреби терминот GSCPI, за кој инаку слушнале само одредени економски кругови. Тоа е всушност индексот GSCPI, кој Федералните резерви го дефинира како алатка што би ја користеле за „да ја проценат важноста на ограничувањата на понудата во однос на економските перформанси“.
Формирањето на советот за отпорност на синџирот на снабдување е само дел од револуционерниот ефект на бајденомијата во однос на новите бирократски решенија; главно цела низа нови програми, но и нови институции и нови описи на работни места.
Голем дел од терминологијата во бирократската револуција на Џо Бајден е многу нејасен, како и нејзините цели, но нејзиниот опсег е навистина импресивен. Откако ја претстави новата институција за зајакнување на американските синџири за снабдување, Бајден најави и 30 акции за нивно зајакнување.

Подготвил: Митко Јовановски