Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари денеска ќе ја објави кандидатурата за претседател на државата. Кандидатурата е поддржана од претседателството на партијата и од Европскиот сојуз за промени, коалицијата на Беса, Алтернатива и Демократско движење.
На прес-конференцијата во Гостивар е најавено присуството на Изет Меџити, Африм Гаши, Билал Касами и на претставникот на Самоопределување, Беким Ќоку.
На 17 февруари од страна на крилото на Зијадин Села закажан е конгресот на АА. Села сега е претседател на централното собрание на Алијанса за Албанците.
На 1 февруари Таравари изјави дека добил понуда од опозициските партии на Албанците во Македонија да биде нивен кандидат за претседател на претстојните избори, но тој изјави дека не бил заинтересиран.
– Албанската опозиција има разговарано со мене јас да бидам претседателски кандидат, но јас не сум заинтересиран – рече Таравари.