Според анкетата објавена на БНТ
Расте процентот на бугарски граѓани кои сметаат дека треба да се овозможи почеток на пристапните преговори меѓу Македонија и ЕУ и без претходен договор за отворените прашања помеѓу Софија и Скопје, судејќи според резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од „Алфа Рисрч“, прикажано за време на емисијата „Референдум“ на Бугарската национална телевизија (БНТ).
Вкупно 29,6 отсто од испитаниците, што е зголемување за околу 13 отсто во однос на ноември 2020 година, сметаат дека Македонија треба да ги почне пристапните преговори. А речиси 61 отсто од бугарските граѓани сметаат дека Македонија треба да стане членка на Европската Унија. Во одговор на прашањето – кој е фундаменталниот интерес на Бугарија за членство на Македонија во ЕУ, ако се остават настрана спорните прашања, 60,9 отсто од Бугарите се изјасниле дека земјата треба да стане членка на Унијата.
Мнозинството од анкетираните, како и бугарскиот премиер Кирил Петков, веруваат дека сегашните позиции на владите треба да се надградат.