Каде се движи општеството со перманентно јавно изразување на незадоволството што како фактичка состојба извира од клучни општествени сектори и институции? Неисполнетите ветувања и во стопанството, бизнисот, но и во администрацијата, а и кај граѓаните, вклучувајќи ги и ветувањата за корекција на платите, и сето тоа наспроти енормниот пораст на платите на функционерите за 78 отсто, предизвикаа бран незадоволство. Но како државата да влезе во кондиција за да биде подготвена да одговори на овие барања и во која мера?
Се проширува списокот на витални сектори и институции што штрајкуваат или се
закануваат со застој во работењето
Протести и незадоволство во дел од јавниот сектор, кој ги претставува виталните општествени делови како судство и здравство, но и во делот што зависи во образовниот процес на учениците.
Протест е најавен од вработените во две печатници што се ангажирани за издавање на дел од учебниците за средно образование, протест најави Синдикатот на здравствените работници, а веќе протестира и дел од судската администрација.
Каде се движи општеството со перманентно јавно изразување на незадоволството што како фактичка состојба извира од клучни општествени сектори и институции? Неисполнетите ветувања и во стопанството, бизнисот, но и во администрацијата, а и кај граѓаните, вклучувајќи ги и ветувањата за корекција на платите, и сето тоа наспроти енормниот пораст на платите на функционерите за 78 отсто, предизвикаа бран незадоволство. Но како државата да влезе во кондиција за да биде подготвена да одговори на овие барања и во која мера? Платите треба да растат, но државата треба да направи и конкретна државна стратегија за задолжително кратење на бројот на вработени во јавниот сектор.
Атрофија на институциите?!
Професорот по социологија Илија Ацески вели дека основите на една држава се постелаат на здравство, школство, судство и на управување на државната администрација.
– Настапува една атрофија на институциите. И оваа состојба не е од лани, од преклани, туку трае веќе дваесетина години. Сега практично не знаеме во која насока ќе тргне целата ситуација. Ако тргне со протести на четири или пет структури на протести во земјава ќе настане хаотична состојба. И каде понатаму? Ја потрошивме сета енергија дали да ги внесеме Бугарите во Уставот или не, но ние не дискутиравме сериозно за клучните проблеми во македонското општество. Дури кога ќе се разголи некој сектор, тогаш ние разговараме за проблемите. А тоа не придонесува кон решавање на проблемите.
Кога ќе се вклучи тој социолошки дел, кога масите ќе ја добијат таа улога, ќе почувствуваат дека можат да решат нешто, тука настанува хаос. Сега сме пред ѕид на хаотична состојба. Каква улога ќе имаат овие масовни протести кога ќе се вклучат луѓе од различни сектори, во која насока ќе се тргне ќе видиме.
Значи навлегуваме на фаза на жабуркање, ама не знаеме како ќе заврши тоа – посочува социологот Ацески.
Причини и последици од незадоволството
Вработените во печатницата „Напредок принт“ и „Напредок 1“, кои преку „Просветно дело“ се ангажирани за издавање на дел од учебниците за средно образование за државните институции и кои подолг временски период го печатат „Службен весник“, веќе два месеца немаат добиено плата од работодавачот (управителот), со што се загрозува навременото печатење на учебниците, како и на „Службениот весник“, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).
Според ССМ, со ова, освен што се нанесува штета кон вработените со неисплаќањето на платите, ќе се нанесе штета и на образовниот процес, како и на редовната објава на сите службени акти во „Службениот весник“.
– Работниците веќе со години немаат навремено здравствено осигурување, а 80 отсто од нив се над 50 години старост и лекувањата ги плаќаат на приватно. Управителот на печатниците, иако наплаќа државни пари, пари од граѓаните и од даноците, не исплаќа редовно плата, ниту пак здравствено осигурување кон вработените, а што во изминатиот период по пријави на ССМ е констатирано брзо и ефикасно и од страна на Државниот инспекторат за труд – наведува ССМ.
Сојузот бара државните институции веднаш да преземат мерки за да не се доведе во прашање печатењето на учебниците и на „Службениот весник“.
– Работниците се подготвени да ги преземат сите чекори и преку протест и евентуален штрајк да го остварат ова егзистенцијално работничко право на плата и со тоа да си овозможат подостоинствен живот за себе и за своите семејства, а ние, заедно со синдикатот ССДМ при ССМ ќе застанеме со работниците и ќе им ја дадеме целосната поддршка во борбата за остварување на нивните права од работен однос – велат од ССМ.
Судската администрација од Основниот кривичен суд и Основниот граѓански суд денеска повторно протестираше, откако им било кажано дека не е предвидено поголемо покачување за нив од 10 проценти. Претставници на синдикатите за судска администрација посочуваат дека сега бараат покачување од 78 проценти на минималната плата и 35 проценти за додатоци на судските службеници. Тие исто така информираа дека од денеска ќе се приклучат и службениците од другите судови.
Јасмина Величкова, претседателка на штрајкувачки одбор за Основен кривичен суд и претседателка на Судската администрација на Македонија, рече дека на средбата им било кажано дека за нив не е предвидено зголемување на платите и на додатоците.
– Одлуката нѐ изненади затоа што ние протестираме од март годинава. За нас повторно министерот за финансии не најде начин со ребалансот на буџетот да издвои средства. Затоа штрајкот почнува, а протестите продолжуваат пред сите судови – рече Величкова.
На масовен протест ќе излезат здравствените работници доколку власта не одговори на нивните барања до 20 септември. Бараат 30 отсто покачување на платите, нов колективен договор, бенефициран стаж за итна медицинска помош, вработените на рендген и психијатриските болници.
Додатокот за инфекција да се зголеми на четири отсто и итно да се промени статусот на работниците што се со договор на определено. Независниот синдикат предупредува, вработените со бели мантили повеќе немаат трпение, доведени се до раб на егзистенција.
Откако ги упатиле своите барања на разговор во Министерството за информатичко општество и администрација поминал месец и половина и тие не добиле одговор. Во овој синдикат, од 25.000 здравствени работници, членуваат 2.500. Поддршка за протестот ќе добијат и од другите синдикати.