Фото: Архива

Советот на Европската Унија вечерва официјално го одобри отпочнувањето на пристапни преговори со Македонија и со Албанија. Ваквата одлука ја објави чешкиот премиер Петр Фиала, чија држава моментно претседава со ЕУ. Ова значи дека се усвоени и преговарачките рамки за Македонија и за Албанија.

– Направивме уште еден важен чекор кон доближување на Западен Балкан до ЕУ. Ова е голем успех за нашето претседателство – порача Фиала преку Твитер.

 

Фиала му се заблагодари на францускиот претседател Емануел Макрон, за кој нагласи дека одиграл клучна улога во овој успех.

Чешкиот премиер истакна дека утре во Брисел ќе се сретне со лидерите на Македонија и на Албанија за да разговараат за следните чекори на патот кон ЕУ.