Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во изјава за „Ал Џезира“ рече дека тврдењата за нови барања од Бугарија се пропаганда на опозицијата и дека уставните измени се одлука која не е поврзана со нашиот идентитет и не задира во него.
– Ние со овие уставни измени правиме идентитетско разграничување меѓу Македонците и Бугарите коешто и до сега не било никако проблематично, за нас барем не било прашање. Но сега и официјално се става во Уставот и на тој начин ја отстрануваме единствената крупна блокадата од нашите соседи – рече Маричиќ.
Целта на Владата и главниот преговарач со ЕУ е до средината на декември кога се одржува Самитот на Европската Унија на која проширувањето е една од темите, уставните измени да бидат завршени и на тој начин Македонија да продолжи заедно со Албанија во преговорите и да биде дел од новиот пакет на проширување, бидејќи како што изјави Маричиќ „сега немаме време за губење и треба да направиме сè за да не ја пропуштиме таа прилика, како што досега сме пропуштиле многу“, соопшти СЕП.