Лидерот на бугарската политичка партија „Има таков народ“, Слави Трифонов денеска изјави за локални медуми дека ги повлекува министрите од таа партија кои се во владата.
– Ставам крај на оваа коалиција и агонија – изјави Трифонов.
Има две причини зошто оваа коалиција не функционира и зошто не ни е место во неа – Северна Македонија и тоа што нема повеќе пари во државата, додаде Трифонов.
– Покрај напуштањето на националните интереси, министрите на „Продолжуваме со промената“ нѐ водат кон банкрот. Премиерот Кирил Петков води поинаква надворешна политика од онаа на министерот за надворешни работи Советот за национална безбедност. Премиерот има уште еден министер за надворешни работи – кажа Трифонов.
Петков: Подготвени сме за малцинска влада
Бугарскиот премиер Кирил Петков категорично одби да се потчини на уцените на Слави Трифонов, лидер на коалициската партија „Има таков народ“.
Половина час откако шоуменот Трифонов објави дека ги повлекува министрите од владата, Петков најави дека ќе води малцинска влада наместо „да дозволи да му ги виткаат рацете“.
– Подготвени сме за малцинска влада, но нема да потрошиме ниту лев без надзор – ова го истакна копретседателот на партијата „Продолжуваме со промените“ и премиер на Бугарија, Кирил Петков на прес-конференција.