Кандидат за градоначалник на Град Скопје од Европскиот фронт ќе биде Скендер Реџепи Зејд, пратеник и лидер на „Народното движење“. Кандидатурата на Реџепи ја објави на својата Фејсбук страница лидерот на ДУИ Али Ахмети.
-По консултациите со лидерите на политичките партии кои ја сочинуваат Национална алијанса за интеграција, со целосно единство и со заедничка одлука, се договоривме дека наш кандидат за градоначалник на Скопје да биде Скендер Реџепи кој е претседател на политичката партија „Народно движење“. Дипломирал на Филозофскиот факултет, поседува долго и докажано искуство во граѓанскиот сектор и граѓанското општество. Моментално е пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, каде е глас на граѓаните, бранител на нивните права и застапник на длабоките политички и социјални реформи – пишува во објавата Ахмети.
Тој додава дека Реџепи има долго и докажано искуство во граѓанскиот сектор и граѓанското општество.
-Неговата кандидатура претставува не само единство на прогресивните сили на Албанците во Северна Македонија, туку и јасна алтернатива на Скопје, град кој заслужува еднаков развој. Националната алијанса за интеграција убедена е дека со Скендер Реџепи – Зејд, Скопје ќе има градоначалник кој знае реалноста, го слуша граѓаните и работи за сите подеднакво – наведува Ахмети.