Албанскиот премиер, Еди Рама, наводно ги поканил лидерите на политичките партии од албанскиот блок во Македонија на неофицијална средба во Тирана, пренесуваат албанските медиуми.
Предвидено е средбата да се одржи во вторник, според објавата на албанската новинска агенција „Журнал“, која се повикува на извори од албанските партии. Не е познат поводот за свикување на состанокот.
Албанските медиуми објавија дека на средбата во Тирана поканети се лидерот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, Билал Касами од БЕСА, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, како и лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи.