Општина Прилеп со цел за почиста и поздрава животна средина е дел од современиот систем за управување со отпад. За таа цел стана членка на новоформираниот Меѓуопштински одбор за управување со отпад (МОУО).
– Со потпишувањето на овој значаен договор, направивме решителен чекор кон воспоставување координиран, модерен и ефикасен систем за управување со отпад по европски стандарди. Нашата цел е јасна – повисок квалитет на услугите, чиста и здрава животна средина и современи решенија за сите граѓани на Прилеп и Пелагонија. Преку МОУО ќе работиме заеднички на решавање на проблемите со дивите депонии и на подобрување на целокупниот процес на управување со отпадот – вели градоначалникот Дејан Проданоски.
Со ова практично, Општина Прилеп работи за почист град и подобар живот за сите граѓани.
Одборот се формираше со заложба на Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Министерството за локална самоуправа и „САЛАР интернешнл“. Во него се вклучени сите општини од Пелагонискиот Регион.

































