Фото:Принтскрин/Влада

Не е коректно за едно ново законско и суштинско решение да се кажува и прејудицира дека нема да има своја употреба. Законот е готов и откако ќе се добие сублимат и став од Венецијанската комисија ќе се најде пред пратениците, рече денеска Горан Минчев, министер за јавна администрација во одговор на прашање од пратеникот Елми Азири за предлог законот за правична застапеност.

Азири кој е дел од коалицијата Европски фронт од говорницата во Собранието кое кажа дека законот во форма која го предлага владата нема да помине. Тој во прашањето оцени дека законот има недостатоци и забележа дека тој не е ставен на увид пред пратениците со намера за да не може амандмански да се делува, бидејќи, како што кажа, прво бил испратен за мислење во Венецијанска комисија.

Според Минчев, правичната застапеност ќе се регулира со подзаконски акти откако ќе се добие мислењето од Венецијанската комисија.

Министерот Минчев на седницата за пратенички напомена дека пред неговото преземање на функцијата алатката „балансер“ не била според законските одредби, а на седницата на минатиот состав на владата, ДУИ искажала констатација дека „балансерот“ како алатка за правична застапеност се злоупотребува и има изминат рок.

– Правичната застапеност на етничките заедници е уставна категорија, согласно на Охридскиот рамковен договор. Од тоа нема бегање и тоа ќе се спроведува. Како влада дадовме збор дека по укинувањето на „балансерот“ од страна на уставниот суд не треба да се брза со ново решение и да нема злоупотреби. Рековме дека ќе одиме полека и сериозно – рече Минчев, на седницата за пратенички прашања.

Тој напомена дека во изработката на законот биле вклучени експерти по уставното право, со што, како што рече, ќе се избегнат спротивставености со други закони.

Според министерот Минчев, методологијата ќе биде тема на разговори во кои ќе се разгледува дали таа ќе биде дел од постојните закони или во новиот закон.

– Ние тежнееме да имаме реална застапеност на етничките заедници. Ние сме мултиетничко општество и тоа ќе го обезбедиме многу подобро од претходната владејачка гарнитура и ќе обезбедиме методолошки решенија како тоа најдобро да функционира – рече Минчев.