Од денеска почнува новата учебна 2024/2025 година за сите ученици во основното и во средното образование.
Според податоците на МОН, новата учебна година ќе почне за 245 илјади ученици во основните и во средните училишта, бројка што е намалена за 17 илјади во последните седум години.
– Во истиот период бројот на првачиња е намален за околу 3.500 илјади. Ова е погубно и разочарувачки и е резултат на лошите политики, не само во образованието туку во сите општествени сегменти – изјави на вчерашната прес-конференција министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Таа најави дека постојните политики ќе ги заменат со нови и прогресивни во чие креирање, како што рече, ќе учествуваат сите оние што се засегнати. С.Т.