По тринеделен зимски распуст, основците и средношколците денеска се вратија во училишните клупи, со што официјално започна наставата во второто полугодие од учебната 2024/2025 година.
Таа ќе заврши на 10 јуни за сите ученици, освен за средношколците во завршна година (матурантите), кои, според календарот за организација на учебната година во јавните средни училишта, ќе учат до 16 мај 2025.
Годинава учебната година нема да биде продолжена како минатата година бидејќи ќе нема пролетен распуст како лани.
За оваа одлука Министерството за образование и наука во оваа учебна година спроведе анкета со која беа опфатени наставници, родители и ученици од повисоките одделенија, а резултатите од анкетата покажале дека кај мнозинството анкетирани нема интерес за пролетен распуст, па од тие причини тој е укинат. Н.М.