На почетокот на летото регионов ќе биде зафатен со зголемени врнежи на дожд

Регионите на Јужна и Централна Европа, вклучително и Македонија, може да доживеат зголемени врнежи во почетокот на летото (јуни). Сепак, во средината и подоцна во текот на летото (јули и август) се очекува посушен период под влијание на стабилен систем под висок притисок, кој ќе доминира во централниот и северниот дел на Европа. Тоа значи дека Македонија би можела да забележи помалку врнежи од просечните

Какво време може да нѐ очекува во летото 2025 година

Пристигна првата долгорочна прогноза за летото 2025 година, а според анализите на метеоролошката служба „Сивијр ведр Јуроп“, европскиот континент е во многу динамичен период. Можеби летото започнува со малку повеќе врнежи, но средината и крајот на сезоната носат посуви услови и поголем ризик од топлотни бранови. Кога станува збор за сезонски и долгорочни прогнози, секогаш треба да се има предвид дека тоа се трендови, а не прецизни сценарија. Постојат многу глобални фактори што можат да влијаат на временските обрасци. Сепак, овие први прогнози даваат поглед на тоа како би можело да изгледа летото.

Премин од пролет во лето

Пред да се фокусираме на самата летна сезона, „Сивијр ведр Јуроп“ анализираше што нѐ очекува во текот на пролетта, поточно во април, мај и јуни. Тримесечната прогноза за аномалија на воздушниот притисок покажува дека над западна и северозападна Европа се развива област со низок притисок, што отвора простор за прилив на потопол и повлажен воздух од југ, особено од Средоземно Море. Во исто време, поле со висок притисок се формира над Источна и Североисточна Европа.
Во таков распоред, поголемиот дел од европскиот континентот е под влијание на потопла воздушна маса. Западот има нешто поблаги температурни аномалии поради близината на циклонот, додека поистакнати топлински вредности се очекуваат на исток и североисток. Кога станува збор за врнежите, поголемиот дел од Европа се очекува да има натпросечни количества врнежи, особено на запад и северозапад, додека Југоисточна Европа ќе биде посува, под влијание на антициклон. Севкупно, пролетта ќе заврши во жива атмосфера, пишува „Сивијр ведр Јуроп“, а постабилни временски услови се очекуваат кон средината и крајот на летото.
„Сивијр ведр Јуроп“ носи ран поглед на моделот ЕЦМВФ за јуни – модел што се покажа како еден од посигурните во сезонските прогнози.
Според првите карти, подрачје со низок притисок ќе доминира над северниот дел на Атлантски Океан и Северозападна Европа, додека истовремено се очекува зајакнување на антициклонот кон исток и Скандинавија.
Овој распоред е поволен за западни и југозападни струи кон Централна Европа, што значи потопол воздух и зголемена влажност – услови што често носат нестабилност и поизразени временски услови. Температурите ќе бидат натпросечни низ поголем дел од Европа, а најтопли ќе бидат во Централна, Југоисточна и Северна Европа. Во однос на врнежите, пообилни врнежи од дожд се очекуваат во западните и централните предели и во северозападните предели, додека југот и југоистокот ќе останат посуви.

Јули и август вообичаено носат поголем ризик од топлотни бранови

Јули 2025 година: Можни се топлотни бранови и суша

Јули е типично најтоплиот месец во годината, а според моделите анализирани од „Сивијр ведр Јуроп“, тоа може да биде особено изразено оваа година. Прогнозите покажуваат стабилен и силен антициклон, кој се населува над Централна и Северна Европа – ова е т.н. систем за блокирање, кој носи долгорочна стабилност, топлина и сувост. Топлинскиот бран е најизразен во Централна и Југоисточна Европа, додека температури поблиску до просекот се очекуваат на крајниот север и југозапад.
Врнежите ќе бидат оскудни во поголемиот дел од Централна и Северна Европа, додека малку повеќе дожд ќе врне на крајниот север, на пример, над делови од Обединетото Кралство и Скандинавија, каде што ќе биде активен работ на системот со низок притисок од Атлантски Океан. Се укажува дека јули може да донесе поистакнати сушни услови и зголемен ризик од топлотни бранови, особено во Централна Европа.

Август 2025 година: Можно е топлотните бранови да не попуштаат

Август, како последен месец од летото, честопати носи продолжување на топлотниот бран – а моделите на „Сивијр ведр Јуроп“ покажуваат дека тоа ќе биде случај и оваа година. Високиот притисок ќе остане доминантен над Централна и Северна Европа, а топлотните бранови ќе продолжат. Областа со низок притисок на исток донекаде ги ограничува екстремните температури во тој дел од континентот. Најголем топлински вишок се очекува во централните и северните делови на Европа.
Врнежите ќе бидат ретки низ поголемиот дел од европскиот континентот, а на крајниот север и исток се можни малку повеќе врнежи. Н.М.


Што може да ја очекува Македонија?

За подрачјето на Македонија, температурната прогноза покажува натпросечни вредности во јуни, јули и во август. Температурните карти за јули покажуваат дека најсилни температурни аномалии се предвидуваат за Југоисточна и Централна Европа, во која е вклучена и Македонија. Тоа укажува на топло лето со температури повисоки од долгорочниот просек, со можност за интензивни топлотни бранови, особено во јули и август.
Што се однесува до врнежите, картите покажуваат дека подрачјето на Јужна и Централна Европа, вклучително и Македонија, може да доживее зголемени врнежи во почетокот на летото (јуни). Сепак, во средината и подоцна во текот на летото (јули и август) се очекува посушен период под влијание на стабилен систем под висок притисок, кој ќе доминира во централниот и северниот дел на Европа. Тоа значи дека Македонија би можела да забележи помалку врнежи од просечните, што го зголемува ризикот од суша и потенцијално го фаворизира развојот на топлотни бранови.
Накратко, што може да се очекува за Македонија ова лето?
Температури: натпросечно топло време во текот на летото, со највисоки температури во јули и август, со голема веројатност за топлотни бранови. Врнежи: повлажен почеток на летото (јуни) со поголеми врнежи, проследени со посув период во јули и август, со помалку врнежи од просечните.
Општи услови: стабилни и суви временски услови во доцниот дел од летото, што може да резултира со зголемен ризик од суша, особено во внатрешноста, додека брегот може да доживее типично топло и суво лето со повремени локални врнежи од дожд.

Во Македонија летово не очекуваат натпросечни температури

Анализа на канадскиот модел ЦАНСИПС

„Сивијр ведр Јуроп“ донесува и анализа на канадскиот модел ЦАНСИПС. Тој, исто така, предвидува доминантен висок притисок над Северозападна и Централна Европа. Ваквата позиција најчесто значи помал притисок над југот на континентот и Средоземно Море.
Температурите ќе бидат натпросечни во поголем дел од Европа, а малку постудени само на крајниот исток каде што преовладува северна струја. Врнежите ќе бидат под просекот, особено во Централна и Северна Европа, додека на југ и на Средоземно Море може да се очекуваат пообилни врнежи поради влијанието на низок притисок.