Фото: Макфакс

Не треба да губиме време во процесот на уставни измени, затоа што мојот страв е дека ако нѐ фати ноември без завршени промени на Уставот, ќе прекинат преговорите и ќе го изгубиме моментот, а губењето на моментот е една од најлошите работи што може да ви се случи на европскиот пат и се плашам дека ќе влеземе во некакво си „црногорско сценарио“, после што ќе биде многу тешко да се вратиме, со сите импликации внатре и надвор врз имиџот на државата, рече денеска на брифинг со новинарите шефот на дипломатијата Бујар Османи.  

– Досега имаше неформални координации, што јас ги нареков консултации низ ходници, во Собранието, на различни средби итн. Сметам дека оваа година веќе треба да се почне со формален сет на консултации и јавни дебати. Јавни дебати во коишто ќе бидат вклучени и политичарите, ќе бидат вклучени и невладините организации, експертите, новинарите, јавноста, за да разговараме кои се аргументите контра и про уставни измени, рече Османи.

Тој оцени дека треба да се направи разграничување помеѓу суштината на проблемот, а тоа е дали уставните измените се проблематични и партиско политичкиот интерес околу уставните измени.

– Засега тие се измешани и не може да се направи разграничување, каде е интересот на државата, а каде е партискиот интерес и тоа ги буни луѓето, бидејќи не знаат дали став на одреден политичар е заради тоа што сака избори и сака да биде на власт или заради тоа што уставните измени се ризични по државата и по народот. Важно е да направиме разграничување каде почнува партискиот интерес, а каде завршува интересот на државата, нагласи Османи.

порача Османи

Скопје, 4 јануари 2023 (МИА) Не треба да губиме време во процесот на уставни измени, затоа што мојот страв е дека ако не фати ноември без завршени промени на Уставот, ќе прекинат преговорите и ќе го изгубиме моментот, а губењето на моментот е една од најлошите работи што може да ви се случи на европскиот пат и се плашам дека ќе влеземе во некакво си „црногорско сценарио“, после што ќе биде многу тешко да се вратиме, со сите импликации внатре и надвор врз имиџот на државата, рече денеска на брифинг со новинарите шефот на дипломатијата Бујар Османи.  