Фото: Игор Бансколиев

Шверцот на мигранти секогаш бил атрактивен за криминалците и криминалните групи и организации. Истото тоа се случува и во Македонија. Многумина се обидуваат да заработат така што превезуваат мигранти до граница по цена дури и од 300 евра од човек. Преносот на четворица мигранти значи заработувачка од 1.200 евра за два, па и помалку часа возење до излезот на земјава. Поради фактот што мигрантите се подготвени да платат високи суми за превоз, наши сограѓани се впуштаат во овој илегален бизнис, кој им носи „заработка“ за само неколку часа

ПРОТИВПРАВНИ ПОВЕДЕНИЈА НА ГРАЃАНИТЕ СО ИЛЕГАЛЕН ПРЕВОЗ НА МИГРАНТИ

Еден од најплодните нелегални бизниси на денешницата е шверцот на мигранти, и тоа не само во земјава. Тој им носи огромен обрт на валкани пари на криминалните организации во странство. Сѐ додека има мигранти што се во потрага по подобар живот ќе постојат и организации што ќе се обидуваат да заработат на нивната мака, нудејќи им документи што ќе им обезбедат сигурен влез и престој во посакуваните дестинации. За жал, во измамите поврзани со мигрантите не се вмешани само криминални организации туку и обични луѓе, кои нивните тешки животни ситуации во потрага по подобар живот ги злоупотребуваат наплатувајќи им енормно високи суми за да ги пренесат од едно до друго место, во крајно небезбедни услови, ризикувајќи го нивниот живот.

МАКЕДОНИЈА НА ТРАСАТА ЗА ШВЕРЦ НА МИГРАНТИ

Шверцот на мигранти секогаш бил атрактивен за криминалците и криминалните групи и организации. Тоа се случува и во Македонија. Многумина се обидуваат да заработат така што превезуваат мигранти до граница по цена дури и од 300 евра од човек. Преносот на четворица мигранти значи заработувачка од 1.200 евра за два, па и помалку часови возење до излезот на земјава. Поради фактот што мигрантите се подготвени да платат високи суми за превоз, наши сограѓани се впуштаат во овој илегален бизнис, кој им носи „заработка“ за само неколку часа. Дури и државјани на други земји беа фатени во земјава како вршат шверц на мигранти. Па, така, досега беа фатени државјани на соседна Србија во обид да шверцуваат мигранти, а најновиот случај беше во Кумановско, кога Индиец беше приведен под сомнение дека вршел шверц на мигранти низ Кумановскиот Регион.
– На 21.1.2022, во 11.15 часот, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции и странци во Куманово, при Регионалниот центар за гранични работи Север, го лишиле од слобода Х.Х. (31) од Индија, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „шверцување мигранти“ – информираа од Секторот за внатрешни работи во Куманово.
Како што информираа од МВР, во селото Речица, Кумановско, биле пронајдени десет лица мигранти од Индија, а по извршениот службен разговор било утврдено дека Х.Х. илегално ги пренесувал мигрантите од Република Србија до Република Северна Македонија.
Тој бил приведен во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Мигрантите биле пренесени во прифатно-транзитниот центар „Табановце“.

ГРЦИ, АЛБАНЦИ И ИТАЛИЈАНЦИ ШВЕРЦУВАЛЕ МИГРАНТИ ВО ЈАХТИ

Незаконски профит од повеќе од стотици милиони евра заработи криминалната мрежа активна по должината на источниот медитерански пат, шверцувајќи повеќе од 1.100 мигранти во јахти.
Истрагата во која учествуваа албанската криминалистичка полиција, грчката полиција и италијанскиот финансиски корпус, поддржана од Европол и Европравда, доведе до разбивање голема организирана криминална група вклучена во шверцување мигранти. Акцијата била спроведена под раководство на албанските, грчките и италијанските правосудни органи.
Во акцијата беа реализирани 28 претреси на куќи (15 во Албанија, два во Грција и 11 во Италија) и 29 апсења (18 во Албанија, едно во Грција и десет во Италија).

ОСОМНИЧЕНИТЕ СЕ СО ИРАЧКО И СИРИСКО ПОТЕКЛО

Властите веруваат дека осомничените, главно од ирачко и сириско потекло, се дел од криминална мрежа од околу 80 члена, која наводно е одговорна за најмалку 30 операции за шверц на море. Криминалната група управувала со активности за шверцување мигранти од Турција до брегот Саленто во Италија, преку Албанија и Грција, потоа кон другите земји од ЕУ. Истрагата започна со откривање на тековната шверцерска акција, во која беше успешно спасувањето на превезените мигранти, а беа уапсени осум шверцери од ниско ниво.
Криминалните мрежи првенствено користеле поморски патишта за префрлање на мигрантите од Турција, преку источниот медитерански пат, до нивните крајни дестинации во ЕУ. Морските трансфери се вршеа со употреба на пловила за одмор, главно јахти, купени или изнајмени од криминалната мрежа и прескокнати од почетници морнари намерно регрутирани од мрежата. Осомничените користеле неформални услуги за трансфер на пари, како што е системот Хавала, за да примаат исплати од мигрантите, а нивниот нелегален профит се проценува на неколку стотици милиони евра.