Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Ние ветивме дека ќе воведеме нови ресори во владата, или ново министерство за енергетика и за спорт. Ќе има поддршка за овие промени, деновиве ќе се поднесе законот. Практично за истите очекуваме поддршка од сите, бидејќи ова е за доброто на сите и на Македонија, рече Драган Ковачки, пратеник и член на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ.

Ковачки посочи дека сите се свесни дека претстои многу работа по формирање на владата.

– Сите сме подготвени, премиерот Христијан Мицкоски е подготвен за многу работа, за подобар стандард на граѓаните, за подобри услови за живот, за трансформација на општеството, ќе се направи се здравството да функционира, образованието да продуцира квалитетни кадри – кажа Ковачки.

Во однос на формирање на владата Ковачки посочи дека се ќе биде според роковите.

– Се ќе биде во рамки на роковите. До крај на неделава ќе добие мандат премиерот, а потоа во рок ќе се формира и влада – вели Ковачки.

Јасната определба на граѓаните на изборите, рече Ковачки води кон тоа дека ќе има стабилна влада.

– ВМРО-ДПМНЕ ќе предводи стабилна, но и работлива влада. Најважно од се е што ќе има влада која ќе ги реализира ветените проекти. Ќе реализира се што треба за граѓаните. Одредени структури кои лошо поминаа на изборите, народот ги препозна и ги стави таму каде што треба – рече Ковачки.