Министерот за надворешни работи Бујар Османи на неговиот фејсбук-профил објави дека во Брисел остварил средба со европратеникот Илхан Ќучук, кој, како што наведе шефот на диоломатијата, е вистински лобист и застапник за земјава во Европскиот парламент.
– Секогаш е задоволство да се сретнам со силниот поддржувач на процесот на проширување на ЕУ, но и вистински лобист и застапник на европското досие на Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук. Во една убава атмосфера, поразговаравме за периодот пред нас, период кога очекувам и најмногу поддршка од нашите пријатели во Брисел – наведе Османи во објавата.