Претседателот на Движењето Беса и градоначалник на Општина Тетово, Биљал Касами во синоќешното гостување во емисија на Радио Телевизија Косово нагласи дека е разговарано со претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари тој да биде претседателски кандидат.
– Да, разговарано е со Таравари да биде претседателски кандидат и се гледа како соодветен албански кандидат на овие избори – потенцираше Касами.
Првиот човек на Беса истакна дека косовскиот премиер и претседател на Самоопределување Албин Курти заедно со претседателот на косовското Собрание Глаук Коњуфца биле дел од изборните кампањи во неколку изборни циклуси.
– Сега ќе имаме иновации, каде претставници или високи експоненти на Движењето Самоопределување на Косово, но и кои се државјани на Северна Македонија, ќе бидат дел од изборните листи за пратеници во листите на здружената опозиција – рече Касами.