Најновите предвидувања за снежни врнежи за зимата 2023/2024 година покажуваат драматични месечни промени, особено за Северна Америка, поттикнати од влијанието на Ел Нињо врз временските обрасци
Најновите прогнози за снежни врнежи за зимата 2023/2024 година покажуваат многу динамичен модел и силни контрасти од месец на месец. Исто така, благодарение на ударот на силната воздушна струја на Ел Нињо, и Северна Америка и Европа се влезени во нешто повеќе од обична сезона на снежни врнежи, па промените ќе бидат чести и ќе опфаќаат поголем простор.
Рани врнежи од снег во поголемиот дел од Европа
Но она што особено нѐ интересира е Европа каде што се навестуваат рани зимски снежни врнежи во прогнозата. Исклучок ќе бидат само некои области на југ и на запад, кои ќе бидат премногу топли за да се забележат снежни врнежи.
Најновите прогнози за снежни врнежи можат попрецизно да се видат ако се користат двата добро воспоставени система за прогнозирање на временската прогноза на долг дострел (ЕЦМВФ и УКМО).
Прво, ако се погледне просечната сезонска слика за Европа, генерално, може да се види многу слаба прогноза за врнежи од снег. Се предвидува дека поголемиот дел од континентот ќе има помалку снежни врнежи од нормалното, освен за Алпите и повисоките делови на северна Европа.
Споредено со прогнозата што беше презентирана претходниот месец, сепак најновата прогноза предвидува малку повеќе вкупни снежни врнежи над континентот, од она што досега беше предвидувано, особено над делови од Централна Европа, северозападниот и северниот дел.
Во декември снег само на северот, јануари и февруари со бела покривка
Декемвриската прогноза за снежни врнежи покажува дека поголемиот дел од континентот има силни негативни количества на снежни врнежи, освен од крајниот север, што значи снегот ќе изостане во поголемиот дел од континентот. Во јануарската прогноза, шемата се подобрува, па повеќе области низ Централна Европа почнуваат да имаат зголемени снежни врнежи. Февруари не покажува големо подобрување во однос на претходниот месец, но сè уште ќе има некои области низ Централна Европа со повеќе снежни врнежи од нормалното и низ северозападниот дел.
Гледајќи го март подолу, знаеме дека овој месец сè уште може да биде студен и обично обезбедува снежни врнежи. Прогнозата на ЕЦМВФ покажува повеќе снежни врнежи на повисоките височини, во секој случај, многу повеќе отколку во претходната прогноза. Д.Ст.