Како говореле и пишувале Македонците во 1870 година

Во ракописните збирки на Јонче Снегаров, на пример, се сретнува типичен македонски народен говор, а тоа е очигледно во неколку преводи. Така, на пример, во преводот „Втора наредба“ можеме да го прочитаме следното: „Ни жими Христоса да не велиш никога, ни жими Пречиста, ни во небото да се калниш, ни во земјата, ни во глаата, оти неможиш едно влакно да напраиш црно али бело. Туку саде вистина, вистина, не не, да велите… И макар да се осиромашит, макар да се поболит, макар дете да му умрит, макар жена му, али ќерка му, али некои други свој…“

Од историските архиви

Постојаните тврдења дека Македонците и нивниот јазик се измислени од страна на Коминтерната или Титова Југославија немаат историска и научна основа. Појавата и развојот на македонскиот јазик е природен процес, кој е карактеристичен и за развојот на другите јазици низ светот. Блискоста на македонскиот со бугарскиот, а делумно и со српскиот јазик, воопшто не е аргумент за негирање на постоењето на македонскиот како посебен јужнословенски јазик. Многумина современи лингвисти ги истакнуваат разликите помеѓу македонскиот и бугарскиот јазик, а во оваа конотација Виктор Фридман (американски лингвист и еден од најпознатите македонисти во светот) посочува дека значајна разлика е и употребата на т.н. минато-идно време. Во македонскиот јазик оваа конструкција се образува со инваријантниот показател на идноста ќе и перфективниот имперфект, нагласува Фридман. Овие особености на македонскиот јазик биле забележени од повеќемина странски автори што ја посетиле Македонија во 19 век, како и во првата деценија на 20 век. Тие во своите студии и анализи забележале дека македонскиот словенски јазик не е ниту бугарски ниту српски, туку еден посебен јужнословенски јазик.
Во втората половина на 19 век, во Македонија е забележлива и една тенденција што има цел да го отстрани грчкиот јазик од образованието и црковниот живот, како и воведувањето на македонскиот јазик во училиштата, како и црковнословенскиот јазик во богослужбата. Поради одредени историски околности, македонскиот јазик во 19 век не бил сѐ уште стандардизиран и секој говорел и пишувал според своето наречје. За втората половина на 19 век исто така е карактеристичен и фактот дека постарите македонски генерации се школувале во грчки училишта и еден дел од нив користеле грчка азбука за македонскиот народен говор.
Меѓу овие Македонци посебно место зазема охриѓанецот Јонче Снегаров, кој бил роден во 1840 година. Учел во охридското грчко училиште каде што учител му бил Димитар Миладинов и многу добро го изучил грчкиот литературен јазик. Постепено Снегаров се оформил како еден од претставниците на македонската преродба, односно започнал со преведување религиозни книги од грчки на македонски јазик (охридското наречје).
Зачувани се три ракописни збирки што се преводи на Јонче Снегаров. Првата збирка се состои од толкување на Божјите заповеди, маките во адот, житието на Св. Антони Велики, Оченаш, две молитви кон Св. Богородица, молитва пред причест, молитва за по причест, како и апокрифна поука на Исус Христос. Втората збирка се состои од грчки зборови и изрази, преводи на македонски народен јазик, лекарски совети, молитва кон Богородица, житие за Св. Никола и др. Трета збирка се од расказот за пренесување на моштите на Св. Никола, житието за Св. Еразмо, житието за Св. Иван Владимир и др.

Јонче Снегаров како преведувач пројавил добро познавање на грчкиот литературен јазик, а од чистите охридски лексички елементи оформил сложени зборови, кои се наполно соодветни на високопоетичните грчки зборови и изрази, какви што се сретнувале во молитвите и псалмите.
Во споменатите ракописни збирки се сретнува типичен македонски народен говор, а тоа е очигледно во неколку превода. Така, на пример, во преводот „Втора наредба“ можеме да го прочитаме следното: „Ни жими Христоса да не велиш никога, ни жими Пречиста, ни во небото да се калниш, ни во земјата, ни во глаата, оти неможиш едно влакно да напраиш црно али бело. Туку саде вистина, вистина, не не, да велите… И макар да се осиромашит, макар да се поболит, макар дете да му умрит, макар жена му, али ќерка му, али некои други свој…“
Во преводот „Ексигис од Оче наш“ можеме да прочитаме: „Татко наш, шчо си на небеси… Нека се осветит името твое. Како да се освети името Господово, оти не је светено и пресветено и праведно навистина? Ами како се осветот името Господово… Нека дојдит царшчината твоја. Душата го молит Господа да је пушчит царшчината негова, чунки помошта негоа да је поможит од дјаволите, шчо не је имаат исплетката.“
Типичниот македонски јазик може да се забележи и во преводот „Молба пред светеното причественије“ каде што можеме да прочитаме: „Недостоен сум од христијанското викание… Недостојно го земам ветрот твој. Ми је страв да влезам каде зетот на свадба твоја, да не се врзам и раце, и нодзе и да ме фрлеет ангели во понатрежната темница… Како да влезиш во душава моја, шчо се стори кафпија од дјаволите? Како да се упокоиш во срцево моје…“ Д.Ст.


Крсте Бинев – заборавениот собирач на македонски народни песни

Во втората половина на 19 век, македонската преродба се карактеризира со собирање, публикување и афирмирање на македонските народни умотворби. Еден од најзначајните собирачи е Кузман Шапкарев, меѓутоа многумина Македонци запишувале народни умотворби, а меѓу нив бил и Крсте Бинев. кој потекнувал од мариовското село Витолиште.
Споменатиот во 1908 година завршил гимназија во Битола, потоа бил учител во родното село и во Полчиште. Крсте Бинев оставил ракописи во кои може да се сретнат пишувања за селото Витолиште, како и песни, приказни, народни верувања и сл.
Бинев запишал повеќе песни што се карактеризираат со типичен македонски говор, а во една од нив може да го прочитаме следното: „Море Димче, протугерче. Иди викај селаните, в село дошли сејмените, да разгодат конаците. Кој двајца кој тројца, руса Дона четворица. Тамо ми е булукбашот, јагне печат, каве варат, каве пијат, шекер зобат. На Дона и говореа: Мари Доно, руса Доно, ја постели на високо. На високо на широко. Клади заглавје нависоко. Над заглавјето бардак вода, во бардакот киска цвеке, редко вода да пиеме.“