СДСМ денеска соопшти дека Централната изборна комисија на партијата ги разгледала поднесените кандидатури за претседател на вонредните внатрепартиски избори на 30 јуни и оти е утврдена единствена листа со четворица потврдени кандидати.
– Врз основа на Статутот на СДСМ како и врз основа на Член 9 од Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор, Централната изборна комисија утврди единствена листа на потврдени кандидати за претседател на СДСМ: Венко Филипче, Славјанка Петровска, Јован Деспотовски и Александар Бајдевски – се наведува во соопштението од СДСМ.
Оттаму посочуваат дела Комисијата констатирала дека кандидатурата на Златко Ристевски од Битола, не може да биде потврдена поради неисполнување на критериумите пропишани со Статутот и Правилникот.
Вака утврдената листа од четворица кандидати ќе биде објавена на веб страната на СДСМ заедно со програмите на кандидатите и ќе биде доставена до сите Општински изборни комисии, се вели во соопштението.