Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница едногласно ги потврди претседателските кандидатури поднесени од Стево Пендаровски поддржан од СДСМ, Стевче Јакимовски поддржан од ГРОМ, Максим Димитриевски од партијата ЗНАМ, Арбен Таравари од албанската опозициска коалиција Вреди, Билјана Ванковска Цветковска од Левица, Бујар Османи од ДУИ и Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот на ДИК, Александар Даштевски информира дека кандидатите Јакимовски и Таравари во рок од 48 часа треба да доставаат единствен даночен број и трансакциска сметка.
Даштевски соопшти дека сите кандидатски листи за претседател на државата се доставени навремено.