Наводно, технологијата CRISPR се смета за слична на природната генска промена и промена со мутагенеза, која со децении се користи во конвенционалното земјоделство…
Со изложување на растенијата на радијација или со мутагени хемикалии се прават мутациите
Процесите на природни мутации, а и со вештачка, човечка селекција, обично се многу бавни. Природните мутации може да траат со векови и милениуми. Во 20 век, намерното предизвикување мутации со методи на мутагенеза – на пример со изложување на растенијата на радијација или мутагени хемикалии – почна да се користи во земјоделството. Доколку се добие саканата мутација, одговорна за посакуваното својство, растението би било избрано за понатамошно размножување.
CRISPR има голем број предности во однос на човековата селекција и вкрстување, но и во однос на мутагенезата. Една од нив е тоа што овозможува прецизно уредување на геномите на растенијата. Имено, CRISPR целно ги менува (по правило ги инактивира) избраните гени без да внесува туѓи гени во организмот, што нормално е случај со т.н. ГМ-култури.
Друга предност е тоа што CRISPR речиси никогаш не создава несакани мутации во растенијата, како што се мутации предизвикани од хемикалии или зрачење, што може негативно да влијае на стотици карактеристики на растенијата.
Како заклучок, со оваа нова технологија, се цели поединечните гени од избраната сорта да бидат исклучени за да се добие посакуваното својство, наместо да се внесуваат нови гени од друг организам во растението.
Поради гореспоменатите својства, технологијата CRISPR се смета за слична на природната генска промена и промена со мутагенеза, која со децении се користи во конвенционалното земјоделство. Бананите се добар пример за тоа дека технологијата CRISPR може да биде корисна, па дури и да спаси животи за растенијата и земјоделството. Имено, постои габа ТР4 што ја напаѓа и сериозно ја загрозува сортата банана позната како кевендиш, која денес е најраспространета во светот поради својата сладост, текстура и долг рок на траење. Оваа габа предизвикува распаѓање на коренот и гниење на растенијата, што доведува до нивна смрт. Бананите кевендиш се особено ранливи бидејќи се генетски идентични стерилни клонови, што значи дека не можат да се репродуцираат. Тоа, пак, ѝ става крај на нивната генетска варијабилност, а со тоа ја зголемува изложеноста на болести, вклучувајќи ја и инфекцијата со габата TR4, која е исклучително издржлива и може да преживее во почвата околу 30 години. Досега одгледувачите на банани погодени од габата беа принудени да преселат цели насади на други локации, што често значеше уништување на шумите.
Друг добар пример е неодамна објавеното истражување во кое израелските научници со помош на технологијата CRISPR за првпат успеаја да одгледуваат домати што користат помалку вода без да ги намалат приносот, квалитетот и вкусот на овошјето. Овој успех може да биде основа за развој на други култури во суви услови, што е особено важно во контекст на климатските промени. П.Р.