Фото: Пиксабеј

Еден од главните совети би бил ако имате некој познат што е во добра состојба, а има 95 години, прашајте го што правел, слушајте паталци,
читајте популарни книги, следете медиуми и искористете лекови од домашната аптека што е во нашите дворови, планини и ливади

Медицински совети (2)

Ова не е колумна. Тоа е шема. Не мора сето ова да го знаете – враќајте се само каде што имате интерес. Чувајте ја – ќе ви треба! Дополнувајте.
Природни лекувања – постари се од цивилизацијата. Три категории храна по кинеска шема: бела (шеќери, масти, брашно и сол – значи маст, путер, масно сирење, кајмак, лој, сланина, леб, пита, колачи) – да се избегнува; зелена – зеленчук (спанаќ, зелка, боранија, рут, марула, бамја, грашок, грав, леќа, пиперка, патлиџан) – слободно; црвена (месо – умерено, а зеленчук – може). Цигари и марихуана – нула! ШЕМИ за некои корисни хранливи и хербални состојки. БОЛКА: острогон, блатен аир (акорус), канабис, куркума, мирислива врба, шафран, чанка пиедра, босилек, лавор, лаванда, змиски отров (нов –„мамбин“), рузмарин+камфор, „мачја канџа“, чемпрес+мента, ахилеа, син мак, жолт кантарион (мигрена), зелка-лист. МАЛАКСАНОСТ: одмор – лежење, чист воздух, киви, витамин Д, Б12, железо, зелен чај, тасев биле (licorice), женшен, „кока-кола“, црница, жалфија, гуарана, пеперминт, рузмарин, родиола, бетоника, гинко, гуарана, готу кола, родиола, О2. ЗА ИНФЕКЦИИ: ТЕМПЕРАТУРА: артичока, камилица, еукалиптус, мента, лук, јасмин, лимон, маслинка, овес, ротквичка, жалфија, црница, карбо. ЛАРИНГИТИС: лен, ротквичка, црница, босилек. БРОНХИТИС: мајчина душица, аспарагус, ружа, камилица, еукалиптус, темјан, мајоран, морач, кромид, бор, роза, бозел, репка, кромид (сок), мак (кашлица), калинка. ПНЕВМОНИЈА: врба-топола (плеврит), каранфилче-чешен, грозје, лен, синап-рен, мирта, слива, руе, роза, бозел, варен кромид (сок), мед-ружа. СИНУСИ: рен, ѓумбир, тиква, краставица, цикорија, цимет, бетоника. УВО: лук, руе-седефче (рута), пелин, мустард-рен, маслини, бадем. ОЧИ: камилица, коријандер, смоква, мента, гераниум, мандрагора, рута, роза, куркума. РАНИ: миење, физиолошки раствор, алое вера, кромид (сок), невен, црн оман, патлиџан (гној), лавандула, ајдучка трева, тегавец, прополис, мед, куркума, масло – кантарион, кокосово, зелен чај, зелка-лист. БУБРЕЗИ: аспарагус, репка, целер, краставица, брусница, мента, кана, синап (мустард), кромид, тиква, рузмарин, жито, за камчиња – артичока, аспарагус, целер, грозје, рен, овес, репа, камилица, морач, грозје, мед, мајоран, праска, рузмарин, вербена (врбинка), жолт кантарион, маточинка. ХЕПАТИТИС: морков, грозје, мед, лимон, шипка, мајоран, магдонос, куркума, пелин, чанка пиедра. УСТА: камилица, коријандер, овес, жалфија. ЦРЕВНА БОЛЕСТ: краставица, папаја, праска, смоква, пискавица, лен, грозје, јаболко, јаглен, мајоран, мирта, рен, пелин, невен, глицириза, перуника, ајдучка трева. За опстипација – сливи, маслинки, фибер (грав, боранија, зелка, јаболко, киви, круши, жито, лен), мајчин лист, парафин, рициново масло. СРЦЕ: грозје, лук, киви, бибер, маслинка, морков, цитрон, лимон, мед, глог, коријандер, јаболко, датули, мајоран, овес, бибер, папаја, рузмарин, аспарагус, тилчец, смоква, кромид, орев, калинка, рен, босилек, пореч, жалфија, имеала, карбо, ајдучка трева, бреза (лист), вачлерин (корен). ХИПЕРТЕНЗИЈА: помалку сол, слабеење, лук, кромид, целер, глог, морска риба. ХИПО­ТЕНЗИЈА: течности (супа), рузмарин, куркума, ѓумбир, кардамом, „кока-кола“. МОЗОК: грозје, рузмарин, киви, боровинки, аронија, пченица, кафе, уров, какао, чоколадо, мајоран, руе (рута, седефче), мед, каранфилче, цимет, рен, горчица (сенф), „кока-кола“, маслинки, бибер, калинка, бакопа, црница, маточина (стрес). За издржливост – морач, уров, за вртоглавица – камилица, морач, маслинка, овес, бетоника, маточинка (грчеви). ДЕПРЕСИЈА: артичока, цитрон, датули, пеперминт, репка, грозје, какао, уров, мајчина душица, градински чај-салвиа, црница, бор, босилек, жолт кантарион, чад од темјан, мирис од портокал, автохипноза. БРЕМЕНОСТ: млеко, сирење, кељ, спанаќ, раштан, јаболко, „збогатени жита“ со витамини Бе, Це, Де, месо, риба (со ниска жива), школки, бадем, сусам, леќа, грав, грашок, киви, цитрус, бела имела (стерилност), јога, карбо. АНЕМИЈА: шипка, коприва, морков, смоква, датула, киви, морач, мед, патлиџан, магдонос, дуња, месо, риба, џигер, школки, мак (сопира крвавења), тегавец. ПРОСТАТА: тиква, семки, сереноа (палменто), бор, ликопен (гуава, патлиџан, грејпфрут-црвен, лубеница, папаја, црвена пиперка, аспарагус, црвена зелка, манго, рајско јаболко. УРИНАРНА ИНФЕК­ЦИЈА: брусница, магдонос, увин-чај, аспарагус, грозје, смоква, кана, коњско опавче, сода, мајоран, мирта, кромид, лук, парли, магдонос, ајдучка трева. РЕУМА: цимет, оша (ligusticum), триптеригиум, куркума, астрагалус, зелка-лист, лавор (во алкохол), црвена пиперка, домат, морков, калинка, избегнување црвено месо. ИМУНО­ДЕФИЦИТ: пипер, патлиџан, морков, киви, цвекло, тиква, лен, боровинки, магдонос, бадеми, лимони, јаболко, пробиотици, ехинацеа, мед, прополис, астрагал, жен-шен, алое вера, самбукус, гинко, босилек, ѓумбир, мачја шепа. ТИРО­ИДНА ЖЛЕЗДА: селен, ореви, ашваганта, нигела, куркума, ѓумбир, фукус (меурчесто водорасло), мелиса (маточина). ПОТЕЊЕ: мајоран, бозел, сода+лимон, мајчина душица, жалфија, кана и мирта.

Самуел Колономос Садикарио, пензиониран професор по интерна медицина


Зелените плодови се богати со хлорофил, антиоксидант важен за заштита од сериозни болести

Здравје од зелениот зеленчук

Хлорофилот е зелен пигмент што на растенијата им служи за производство на храна преку процесот на фотосинтеза, користејќи три основни состојки: сончева светлина, вода и јаглерод диоксид. Со истиот процес, како секундарен ефект, растенијата произведуваат кислород. Без хлорофилот и растенијата што го содржат, нема живот на оваа наша планета.
Можеби не знаете, но хлорофилот е и антиоксидант што учествува во борбата против слободните радикали во организмот. Слободните радикали се одговорни за многу хронични болести како што се дијабетес, рак и кардиоваскуларни заболувања. Затоа секој антиоксидант е добредојден, вклучувајќи го и хлорофилот.
Познато е дека нашето тело може да создаде антиоксиданти за одбрана од слободните радикали. Сепак, антиоксидантите се наоѓаат и во нашата храна, особено во храната од растителна основа како што се овошјето и зеленчукот.
Во текот на дваесеттиот век, особено во неговата втора половина, беа спроведени многубројни истражувања за хлорофилот, особено за козметички цели, но и како додаток во исхраната. Претпоставката беше дека земањето хлорофил како додаток во исхраната може да ги ублажи лошиот здив и непријатниот мирис на телото. Сето ова беше поттикнато од експерти за маркетинг, а потоа помамата за овие производи наеднаш исчезна.
Поновите истражувања спроведени во последните дваесетина години докажаа дека храната што содржи хлорофил може да помогне во следниве случаи: со акни кај адолесцентите, за повеќе енергија, против надуеност, за спречување карциноми, за нега на кожата и исцелување рани.
Истражувањата докажаа дека хлорофилот има антиинфламаторни и антиоксидантни својства. Меѓутоа, кога користиме „течен хлорофил“, тоа всушност не е хлорофил. Оние капки што можат да се најдат на пазарот како додаток во исхраната се всушност хлорофилин, полусинтетичка мешавина од соединенија (соли на натриум-бакар) добиени од хлорофил. Што се однесува до несаканите ефекти од земањето хлорофилин, има некои, на пример, дигестивни проблеми, дијареа, чешање и слично.
Што се однесува, пак, до внесувањето на хлорофилот во неговата природна форма преку зелениот лиснат зеленчук, правењето зелени шејкови и сокови, тоа е популарно овие денови. На пример, како почетен материјал се користат никулци од спанаќ, пченична трева и луцерка и се ставаат во соковник или во силен блендер.
Секако, овој зелен пигмент и антиоксидант подобро се консумира преку јадења и салати подготвени од спанаќ, кељ, брокула, прокељ, боранија, грашок, зелка… Зачини што содржат хлорофил се магдоносот, сенфот и целерот.
Јасно е дека горенаведената храна содржи многу нутриционистички богати соединенија, минерали, витамини и влакна и е основа на здравата исхрана. Навистина не треба да избегнуваме зелена храна и најдобро е да ја земаме на традиционални начини. Џвакајте ја храната добро пред да изберете да ја ставите во блендер, бидејќи на тој начин ја губи текстурата. Се разбира, ако зелениот шејк е солидна опција за ужина за вас, слободно консумирајте го. Н.М.