Ако ЕУ е политичка структура нагризена од болните национализми на нејзините членки, ако тоа е збир на нејзините влади, тогаш дали воопшто е можно праведно започнување на пристапните преговори? Во што се претвори Унијата во последниве дваесетина години?
Неодамна НАСА објави симулација во траење од 4 минути (достапна на веб) којашто го опишува, според денешниве научни сознанија, патувањето во црна дупка, можеби со најсофистицираното меѓуѕвездено летало, меѓутоа последното патување на сите патници во леталото. Видеото го симулира искуството на вшмукување во космичката бездна, приближувањето и пробивањето низ хоризонтот на настани на супермасивна црна дупка во центарот на галаксијата Млечен Пат. Неверојатните визуелни слики се резултат на современите сознанија во космологијата и моќниот суперкомпјутер што обработува околу 10 терабајти податоци.
За да се разбере пристапниот процес на Република Македонија во ЕУ – патувањето на Македонија во ЕУ, ќе понудам кус осврт на денешнава Европска Унија, потсетувајќи се на ликот и делото на двајца италијански мислители, дејци, филозофи и поддржувачи на идејата „Соединети европски држави“ (по урнек на САД): Џузепе Мацини (1805-1872) и Алтиеро Спинели (1907-1986). Една од зградите на Европскиот парламент во Брисел го носи името на Алтиеро Спинели – во младоста комунист и антифашист, еден од авторите на манифестот „За слободна и обединета Европа“ напишан во 1941 година, во време кога тој е политички затвореник на фашистичката влада на Мусолини на островот Вентотене во Средоземно Море. Спинели мина 10 години во затвор, по Втората светска војна се залага за европска федерална унија, член на Европската комисија шест години и пратеник во Европскиот парламент десет години до неговата смрт. Тој двапати поведе постапки за носење европски устав заснован на федерална унија: првиот обид во 1954 година не беше одобрен од Франција, вториот во 1984 година од Обединетото Кралство. Неговиот сон за соединети европски држави не се реализира: наместо европски устав, во 2007 година, земјите членки го потпишаа Лисабонскиот договор: меѓувладин договор што го регулира процесот на европска интеграција.
Во првите декади на 19 век се појавија голем број италијански национални проекти: Италија сè уште не постоеше како национална држава, туку на италијанскиот полуостров постоеја помали и поизолирани (често од други контролирани) ентитети (држави, кралства). Меѓу италијанските радикали и национални дејци, централно место зазема Џузепе Мацини: републиканец по убедување, тој се стреми, од една страна, за национално обединување на Италија и, од друга страна, за европска федерација, залагајќи се за „Европа на народите“ наместо за „Европа на крунисаните глави“. Според Фернанда Гало, професорка на Кембриџ, „терминот ‘Европа на крунисаните глави’ ја опишува Европа по Виенскиот конгрес во 1814-1815 година, враќањето на европските кралски семејства на тронови што ги држеа пред големите нарушувања од Наполеонските војни. Од друга страна, ‘Европа на народите’ беше континент на граѓани наместо поданици, на права наместо договори, на собранија наместо на монархии, на политичко учество наместо на економска регулативи“.
Лисабонскиот договор и планот на Спинели и размислите на Мацини покажуваат два различни пристапа на европската интеграција: технократски и демократски модел. Технократскиот пристап, имплементиран со Лисабонскиот договор, се карактеризира со долги и тајни преговори и компромиси помеѓу владите на земјите членки на ЕУ. Основањето на Европската Унија (ЕУ) во 1993 година не ја реши тензијата меѓу технократска и демократска Европа, а носењето европски устав сè уште е повеќе сон отколку конкретен политички проект: Римскиот договор од 1957 година, со кој се воспостави Европската економска заедница (ЕЕЗ), другите подоцнежни договори, вклучувајќи ги договорите од Мастрихт (1992) и од Лисабон (2007), дополнително ги одвоија економските и политичките аспекти на европската интеграција. ЕУ е далеку од проектот за слободна и солидарна унија на сите европски народи – Унијата денес е институција растргната меѓу „Европа на народите“ и „Европа на владите“.
Што може и што треба да направи Македонија за да стане рамноправна членка во ЕУ? Ако ЕУ е политичка структура нагризена од болните национализми на нејзините членки, ако тоа е збир на нејзините влади, тогаш дали воопшто е можно праведно започнување на пристапните преговори? Во што се претвори Унијата во последниве дваесетина години?
За да одговорам на некои од поставените прашања, накусо ќе се осврнам на творештвото на Мишел Фуко. Фуко смета дека монструм е отстапување од постојна рамка на нормалното: објект, документ, институција или структура што ги доведува во прашање законите и ги прави нив неприменливи. Според Фуко, монструми се појавуваат секогаш и секаде кога се поврзуваат (не)знаењето и моќта, при што тие се отелотворуваат, низ историјата, во форма на правни, морални и политички монструми. Всушност, монструмите се неизбежно политички – „првиот морален монструм беше политичкиот монструм“ (во „Абнормално: предавања на Колеџ де Франс 1974-1975“), па оттука, тие, всушност, прераснуваат во вознемирувачки субверзии. Фуко никогаш не ја негираше реалноста на државната моќ во смисла на Хобс, меѓутоа тој ја отфрли претпоставката дека моќта се појавува само во форма на Левијатан. Тој покажа дека суверената моќ на Левијатан се соочува со две нови форми на моќ: дисциплина (во „Дисциплина и казна: раѓање на затворот“) и биополитика (во „Историјата на сексуалноста“).
Договорите со Грција и со Бугарија и Преговарачката рамка со ЕУ се, всушност, ништожни, нелегални, неправедни и бесмислени – вистински монструми во смисла на Фуко. Повеќето Македонци се свесни за бездната со која се соочува Македонија при нејзиното евентуално започнување на патувањето во ЕУ – патување во црна дупка. Барајќи решение меѓу ѕвездите, ќе ве потсетам на една приказна од митологијата на Навахо Индијанците, според која првобитно поставените ѕвезди од Црниот Бог, што овозможуваат сигурна водилка на народите, ги растура немирниот Којот – тоа се ѕвездите што денес ги набљудуваме на ноќното небо. Приказната навестува универзално искуство: во отсуство на пропишан пат секој народ мора да го пронајде својот пат.
Дисциплината е форма на моќ што суптилно ги тера луѓето, во различни општествени средини, да се приспособат на она што е „нормално“, моќ што се манифестира преку тренинг што создава граѓани, за кои Фуко ја користи синтагмата „послушни субјекти“. Прашањето на Фуко: „Дали е изненадувачки што затворите личат на фабрики, училишта, бараки, болници, кои сите личат на затвори?“ ги отсликува неговите размисли. Паноптиконот, според Фуко, е најконцентрираната форма на дисциплината (во форма на моќ), давајќи ѝ на општествената реалност својство на транспарентност, додека, пак, самата моќ станува невидлива. „Сонот за дисциплина“ ја отелотворува желбата на моќта да види сè додека останува невидлива и да земе сè додека останува анонимна, при што паноптиконот не е само алатка што се користи надвор и независно од формираните односи на моќ, туку прераснува во начин на организирање и функционирање на власта. Моќта не секогаш се манифестира само преку една форма, поради тоа една дадена форма на моќ може да коегзистира заедно со, или дури и да дојде во конфликт со, други форми на моќ. Во други форми на моќ денес се вклучува моќта на податоците – поточно, моќта на социјалните медиуми, анализата на податоците и континуираната процена на алгоритмите – според многумина најзначајниот облик на моќ што се појави по смртта на Фуко во 1984 година.
Договорите со Грција и со Бугарија и Преговарачката рамка со ЕУ се, всушност, ништожни, нелегални, неправедни и бесмислени – вистински монструми во смисла на Фуко. Повеќето Македонци се свесни за бездната со која се соочува Македонија при нејзиното евентуално започнување на патувањето во ЕУ – патување во црна дупка. Барајќи решение меѓу ѕвездите, ќе ве потсетам на една приказна од митологијата на Навахо Индијанците, според која првобитно поставените ѕвезди од Црниот Бог, што овозможуваат сигурна водилка на народите, ги растура немирниот Којот – тоа се ѕвездите што денес ги набљудуваме на ноќното небо. Приказната навестува универзално искуство: во отсуство на пропишан пат секој народ мора да го пронајде својот пат. Оттука, имајќи ги на ум стиховите на Хорациј: „Бедна, Европо – инсистира далечниот татко: Зошто се двоумиш да умреш? Можеш на овој јасен, со појас кој добро ти стои, да го скршиш вратот“, нам, на Македонците, ни останува сами или со нашите вистински пријатели да го пробиеме својот пат во светот. А за другите облици на моќ и за македонските монструми во некој друга пригода.