Фото: Фејсбук/Изет Меџити / Архива

Никој од „огнените“ не сака да биде дел од Владата, рече потпретседателот на ДУИ кој е дел од т.н. „огнена група“, Изет Меџити, во вечерашното гостување на ТВ 24.

Тој рече дека „огнените“ не сакаат да ја состават Владата, туку само оти кажуваат дека овие што се сега немаат сработено, неуспешни се и арогантни и треба да се заменат.

Заложба на „огнената“ група е да го врати ДУИ на правиот пат, како што посочи Меџити.

– Нашата заложба е да го вратиме ДУИ на правиот пат. Влезот на Алијанса за Албанците во Владата е само за инает и за да се замолчи „огнената“ група – додава Меџити, нагласувајќи дека нема простор за компромис за останување на Артан Груби во Владата.