Алијанса за Албанците на Арбен Таравари и партиите од коалицијата Европски сојуз за промени (ЕСП), Демократско движење, Движењето БЕСА и Алтернатива, денеска потпишаа Декларација за обединување во пресрет на претседателските и парламентарни избори.
Во декларацијата што ја потпишаа лидерите на АА Арбен Таравари, на Демократското движење, Изет Меџити, на Алтернатива Африм Гаши и на Движењето Беса, Африм Гаши, истакнуваат дека поставуваат темели на нова ера кај албанските партии во државава. Кандидат на четирите партии за претседателските избори ќе биде Таравари.
-Денес со потпишувањето на оваа декларација , на овој ден каде ја одбележуваме и независноста на Косово, поставуваме темели на нова ера кај албанските партии во Република Северна Македонија. Оваа декларација е заедничка платформа на сите општествени субјекти и фактори кои оценуваат дека дојдено е времето за голема политичка промена во земјата. Денес, од овој масовен собир, ги повикуваме сите, без разлика – млади, неопределени, очајни, активисти и аналитичари – Придружете се кон промената која доаѓа – рече Меџити.
Касами, пак, рече дека вклучувањето на АА во коалицијата ја покажува одлучноста, револуционерниот дух и волјата за промена на албанскиот народ.
– Бидете уверени дека Вашата одлука да бидете де од овој процес е вреден – рече Касами.