Фото: Маја Јаневска-Илиева

Црвениот крст на Република Македонија континуирано ја промовира првата помош во Македонија, како и активности за унапредување на крводарителството и за издигање на свеста за заштита од различни здравствени предизвици. Исто така Црвениот крст работи на социјални програми за подобрување на животот на различни ранливи категории на населението, како и на промовирање на волонтерството. Црвениот крст на Република Македонија работи со младите и со повозрасната категорија на населението, а волонтерството е составен дел од активностите

21 Мај – Денот на осамостојувањето
на Црвениот крст на Република Македонија

По прогласувањето независна и самостојна Република Македонија се појави и потребата и за осамостојување на Црвениот крст на Република Македонија. Оттука на 21 мај 1992 година беше донесена одлука за осамостојување, а во 1994 година беше донесен и Закон за Црвениот крст на Република Македонија. По осамостојувањето, македонската влада на 25 август 1993 година ги ратификува Женевските конвенции од 1949 и Дополнителните протоколи од 1977 година. На 1 ноември 1995 година, Црвениот крст на Република Македонија беше признаен од Меѓународниот комитет на Црвениот крст, а на 27 ноември 1995 година беше примен во Меѓународната федерација на друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина како 169-та полноправна членка.
Во првите години од постоењето, Црвениот крст на Република Македонија активно работеше на згрижување на бегалците од воените подрачја на поранешна Југославија, каде што се водеа борби. Низ годините, Црвениот крст на Република Македонија работеше со внатрешно раселените лица од конфликтот од 2001 година, како и со мигранти, лица погодени од поплави, земјотрес, свлечишта, снежни наноси. Црвениот крст на Република Македонија е во постојан контакт со луѓето што се погодени од влијанијата на климатските промени, како што се ладните зимски бранови и топлотните бранови во текот на летните месеци.
Црвениот крст на Република Македонија континуирано ја промовира првата помош во Македонија, како и активности за унапредување на крводарителството и за издигање на свеста за заштита од различни здравствени предизвици. Исто така Црвениот крст работи на социјални програми за подобрување на животот на различни ранливи категории на населението, како и на промовирање на волонтерството. Црвениот крст на Република Македонија работи со младите и со повозрасната категорија на населението, а волонтерството е составен дел од активностите.
Црвениот крст на Република Македонија е вршител на помошната улога на органите на македонската власт и дава посебен придонес во промовирањето на меѓународното хуманитарно право и заштита на населението од катастрофи и итни состојби.
Црвениот крст на Република Македонија е првото сертифицирано македонско национално друштво, а негува и партнерски односи со меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, со Европската Унија и агенциите на Обединетите нации, со корпоративниот сектор. Д.Ст.


Црвениот крст ја одбележи традиционалната „Недела на солидарноста“

Црвениот крст ја одбележи традиционалната „Недела на солидарноста“ под мотото: „Вашиот прилог – значајна помош“. Во рамките на неделата се организира акција за обезбедување помош во храна, облека, обувки, средства за хигиена и истите тие можат да се предадат во општинските организации на Црвениот крст. Целта на акцијата е да се издигне свеста на населението за потребната меѓусебна поддршка, како и да се обезбеди соодветна помош за најранливите категории на населението.


Регрутирање и задржување на волонтерите во редовите на Црвениот крст

Оваа година Црвениот крст постигна одлични резултати во програма за регрутирање и задржување на волонтерите во редовите на Црвениот крст. Впрочем, 1.200 млади на возраст од 13 до 17 години, водени од 40 дисеминатори од 33 локални канцеларии на Црвениот крст, менторирани од 11 ментори, сработија мали проекти за добросостојбата на заедницата. Волонтерите добија обука, беа формирани мали тимови, како и процени на потребите, реализираа активности како спортски натпревари, велосипедски трки, собирни акции, театарски претстави преку кои собраа средства за реализација на проекти за помош на лица во ризик, еколошки и интеркултурни проекти.