Владата во Софија има намера да го продолжи курсот што досега го водеше во однос на Македонија, односно да го заштити бугарскиот национален интерес на најдобар можен начин, истакна бугарскиот премиер Стефан Јанев во изјава за БНТ, додавајќи дека, сепак, не треба да се дозволи спорот да се пренесе во ЕУ.
– Бугарија мора да се фокусира на дијалог и постојан контакт. Да се бара решение со властите во Република Северна Македонија во име на нашата заедничка иднина. Бугарија сака нормален дијалог, сака да го запре јазикот на омразата, како и воспитувањето за омраза кон Бугарија. Така овие работи ќе се решат и ќе се најде вистинската формула – порача Јанев.
Тој смета дека дијалогот ќе добие нова смисла по изборите во Македонија и во Бугарија кои ќе се одржат месецов, како и во ноември, нагласувајќи дека „нема да има промена на бугарската позиција“.