Привремениот премиер на Бугарија, Стефан Јанев, во интервју за БНТ изјави дека Македонија нема да добие одобрение за почеток на преговорите за членство во Европската Унија од Бугарија за време на Советот за општи работи на 22-ри јуни . Како што тврди Јанев, Бугарија не може да направи компромис со својата позиција.
– Не само привремената влада, туку и парламентот со утврдената рамка во 2019 година, дава јасни насоки за бугарската национална позиција – рече Јанев ден пред посетата на македонскиот премиер Зоран Заев и владините министри во Софија.
Тој додаде дека Бугарија нема да го одобри тоа, бидејќи моментно привремената влада не е во позиција да направи ваков чекор напред во овој поглед.
Освен со Јанев, предвидена е и средба меѓу Заев и бугарскиот претседател Румен Радев.