Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ денеска изјави дека поканата за Македонија да почне пристапните преговори со НАТО е важна одлука и за Подгорица.
– Се радувам што Северна Македонија ќе стане нова членка на НАТО, истакна Ѓукановиќ.
Тој додаде дека со приемот на нови членки во Алијансата се зајакнува стабилноста на Западен Балкан, туку и на Европа и на НАТО просторот
– Прецизно дефиниран план е Црна Гора до 2024 година да издвои два проценти од БДП за одбрана, а во рамките на тоа и некоја година порано ќе одвои 20 отсто за модернизација на војската, истакна Ѓукановиќ.
Тој истакна дека на Самитот се донесено важни одлуки за зајакнување на политиката на одбрана и превенција, борбата против тероризмот и најави воспоставување на тренинг мисија во Ирак.
– Црна Гора ќе учествува и во силите на Алијансата во Летонија, заедно со Словенија, под команда на Канада, истакна Ѓукановиќ.