Советникот на францускиот претседател Емануел Макрон за европски прашања, Клемент Боне, изјави дека Париз би можел да се повлече од блокирање на пристапните преговори со Албанија и Македонија.
– Откако Велика Британија ја напушти ЕУ, Франција сака да се фокусира повеќе на исток. По брегзит, поважно е од кога и да е да се надминат разликите во рамките на ЕУ и да се фокусираме на она што не поврзува – рече Боне во интервју за германскиот „Франкфуртер алгемајн цајтунг“, пренесува АТА.
Тој додаде дека тоа ќе се случи веднаш штом ЕУ се согласи за планот за проширување.
– Ќе одбиеме да ги третираме Албанија и Северна Македонија одделно. Тоа би се спротивставило на нашата желба да се поттикне стабилноста во регионот – рече Боне.