Македонија и Албанија заслужија да почнат преговори со Европската Унија, оцени новата претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.
– Двете земји заслужуваат ние да не ги менуваме прописите среде пат – реча таа на конференцијата за новинари во Стразбур откако беше изгласан новиот состав на Комисијата.
Отворањето на преговорите за пристапување беше блокирано на последниот состанок на Европскиот совет во октомври. Франција побара реформа во процесот за пристапување пред да има ново проширување. Таквата одлука бара едногласно одобрување од земјите-членки.
Фон дер Лејен, сепак, изрази задоволство затоа што на маса е ставен предлог за ревизија на процедурата за пристапување во Унијата.
– Наш стратешки интерес е да го приклучиме Западен Балкан во ЕУ – рече новата претседателка на ЕК, која ќе ја преземе должноста на 1 декември.