Министерот за здравство, Венко Филипче, во својство на претседател на комисијата за здравство на СДСМ, вечерва од Штип, во онлајн обраќањето до граѓаните порача дека изборите на 13 декември ќе бидат целосно безбедни по здравјето, и упати пофални зборови за кандидатот на СДСМ за градоначалник, Сашко Николов.
– Резултатот на доктор Сашко Николов е илјадници спасени животи, и тоа на врвен начин со ниво на експертиза што се спроведува во европски и светски центри, тоа е најдобриот начин да излезе меѓу граѓаните и да го побара гласот, бидејќи неговиот влог дал резултат – нагласи Филипче.
Mинистерот рече и дека е апсолутно нерационално и апсурдно, ВМРО-ДПМНЕ да организира протести на кои не ги почитуваат мерките за заштита, а не одат на избори, наводно поради пандемијата.
Во своето обраќање, Филипче ги повика граѓаните на Штип на 13 декември да излезат на избори кои ќе бидат целосно безбедни по јавното здравје и својот глас да го дадат за Сашко Николов.