Состанок на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони, ќе се одржи денеска во Скопје, на кој домаќин е македонскиот претседател Ѓорге Иванов.
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, како и седум претседатели и еден премиер ќе учествуваат на состанокот.
Официјално своето присуство го потврдија претседателите на Хрватска, Колинда Грабар Ќитаровиќ, на Словенија Борут Пахор, на Србија Александар Вучиќ, на Црна Гора Филип Вујановиќ, на Албанија Илир Мета, на Косово Хашим Тачи, како и претседавачот со
претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ. Како специјални гости на состанокот, во Скопје ќе допатуваат и претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск и
премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов.
Поради гостувањето на шефовите на држави во Скопје одреден е прв степен на безбедност и тоа од копно и од воздух. Хеликоптери ќе го надлетуваат главниот град, а ќе има и посебен
сообраќаен режим на неколку булевари.
Процесот Брдо-Бриони прв пат се одржа во 2013 година на иницијатива на претседателите на Словенија и Хрватска. Називот на ицијативата е поради споделената идеја на претседателите
на двете земји, на Брдо кај Крањ се одржува првиот состанок на лидерите од регионот, а Бриони, е во чест на ко-организаторот и партнерот во иницијативата, Хрватска.
Главната цел на Процесот Брдо-Бриони е европска интеграција на земјите од регионот и стабилизирање на состојбите во Западен Балкан преку јакнење на регионалната соработка и
решавање на отворените прашања.